недела, ноември 17, 2024
домаБУФ – фестивал на германски филмови за деца во Кинотека на Северна...

БУФ – фестивал на германски филмови за деца во Кинотека на Северна Македонија

Гете-институт Скопје во соработка со Кинотека на Мекедонија по осми пат го организира Фестивалот за слика и филм за деца и млади (БУФ). Фестивалот ќе се одржи од 15 до 20 април во Кинотека на Северна Македонија и на него ќе се прикажува висококвалитетен избор на германски филмови за деца и млади.

Богатата програма на осмото издание на филмскиот фестивал веќе е утврдена и ветува уживање во филмови за сечиј вкус. На програмата се наоѓаат пет актуелни и возбудливи играни филмови. Сите ќе бидат прикажани во оригинал со превод на македонски и албански јазик. Тие се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски јазик.

Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета
15.04., 12:00
17.04., 18:00

Џим Копче и Лукас машиновозачот
16.04., 14:00
20.04, 12:00.

Тим Талер или Момчето што си ја продаде насмевката
17.04., 12:00
19.04., 12:00
20.04., 14:00

Венди 2 – другарство засекогаш
15.04., 14:00
18.04., 10:00

Помош, ги смалив родителите
16.04., 12:00
18.04., 14:00

Гете-институт ги уверува сите љубители на филмот дека за секого ќе има нешто возбудливо, поттикнувачко, забавно или поучно и, секако, дека ќе има нешто за сечиј вкус.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ