Спасувачките служби во средата продолжија да ги пребаруваат урнатите згради во потрага по 145 исчезнати во земјотресот со јачина од 6,4 степени во кој во вторникот вечерта загинаа најмалку четири лица загинаа во тајванското летувалиште Хуалиен. Локалните власти соопштија дека најмалку 225 лица беа повредени во земјотресот кој го погоди градот на источниот брег на Тајван околу полноќ по локално време. Според најновите податоци, 145 лица се сметаат за исчезнати, а многу од нив се верува дека се заробени под оштетени или урнати згради, вклучувајќи ја и воената болница.
Меѓу урнатите згради е и хотелот „Маршал“ во кој исто така останаа заробени луѓе. Земјотресот оштети важен автопат и владата веднаш почна поправки. Уште четири згради, вклучувајќи и два хотели, исто така се наведнаа од земјотресот. Двата моста во градот се или напукнати или повеќе не можат да се користат. Хуалиен е популарна туристичка дестинација на источниот брег и во енго живеат околу 100.000 луѓе.