Чие безгрижно невнимание ги однесе 14 животи: Кој ќе одговара за трагедијата во Нови Сад?

0
29

Зградата на железничката станица цо НОВИ Сад била изградена во 1964….И оставена на забот на времето,а од сега ќе остане во колективната меморија како симбол на трагедијата. 14 невини граѓани останаа заробени под нејзините неколкутонски блокови, и уште неколкумина се борат меѓу животот и смртта. И? Граѓаните на Србија револтирани целата И Ништо! Повторно никој нема да одговара, бидејќи веќе не постојат никакви морални вредности. И се разбира дека никој не е виновен!!!

И токму настанов кој не потресе сите ни ја покажува~ ранливоста на обичниот човек во лицето на неодговорноста на оние кои треба да се грижат за нашата безбедност. Рушењето на настрешницата во Нови Сад, кое однесе 14 животи, ја открива болната вистина за разликата меѓу животот и одлуките што ги носат оние што имаат власт. Повеќе не станува збор само за административни грешки или „непредвидливи околности.“ Ова е последица од недостиг на одговорност и одговорност за човечките животи.

За семејствата на загинатите, ова не е само „трагичен инцидент.“ Тоа е загуба што ќе ги следи целиот живот. Секое семејство кое изгуби некого во оваа несреќа нема да може да разбере како и зошто институциите што требало да го спречат ова – не успеале. Нивниот гнев, нивната тага, се гласот на илјадници други граѓани кои бараат одговори.

Прашањето е, кој ќе преземе одговорност? Дали некој од официјалните лица ќе го стори вистинскиот чекор и ќе преземе одговорност за направеното? Или пак, како што често се случува, ќе се скрие зад бирократските процедури и ќе ја избегне вината? Вистинската човечка одговорност се гледа во акција, во почит кон загинатите и во исправност пред живите.

Оваа трагедија не е само статистика; таа е повик за промена, за будност, и за одговорност на секое лице кое е поставено на позиција на власт. Ова деновиве се случи во соседна Србија, утре може било каде. Затоа нека#с овие 14 изгубени животи бидат потсетник за сите нас дека сме должни да бараме одговорност и вистина, затоа што тие животи се неповратно изгубени поради нечии погрешни одлуки и неодговорност.

Н. Доковска