недела, септември 8, 2024
домаКујна#CookingWithAndrea – Мини чоколаден тарт

#CookingWithAndrea – Мини чоколаден тарт

ТЕХТ.МК во време на пандемија и ограничено движење на сите оние кои сакаат да и се посветат на кујната и да ги зајакнат своите кулинарски вештини ви нудиме да #гответесоАндреа.

Андреа за денес ви препорачува брз десерт, кој ќе ги освои срцата на сите во семејството! Мини чоколаден тарт со богат вкус за одличен крај на оброкот!

Мини чоколаден тарт

Состојки
За тесто:

-1 жолчка

-2 лажици ладна вода

-1 лажичка екстракт од ванила

-160г брашно

-3 лажици шеќер

-115г ладен путер

-Прстохват сол

За фил:

-300г чоколадо

-200г слатка павлака

-50г путер

Подготовка:

Во сад измешајте ги жолчката, водата и ванилата. Во друг, поголем сад измешајте ги брашното, ладниот путер, шеќерот и солта. Откога убаво ќе се соединат состојките, додадете ја смесата со жочката во поголемиот сад. Замесете го тестото убаво, формирајте топка, покријте го со најлонска фолија, и оставете го половина час во фрижидер.

По половина час извадете го тестото и убаво набрашнете ја површината на која ќе работите.  Набрашнете го и сукалото и тестото. Вклучете ја рерната на 200с. Исукајте круг со дебелина од 3-4мм и исечете кругови во големина на вашите калапи.

Намастете ги калапите со зејтин со помош на четка. Ставете го тестото во секој калап, убаво притиснете го и боцнете го со виљушка неколку пати.

Печете 10-12 минути, или додека зарумени тестото.

Извадете го од рерна и оставете го да се олади. Додека тестото се лади, подгответе го филот.

Стопете ги чоколадото и путерот на тивок оган. Додајте ја слатката павлака. Извадете го печеното тесто од калапите, и ставете го филот. Ладете во фрижидер 40мин, или преку ноќ.

Украсете по желба. Добар апетит!

A.Н.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ