Почитувани читатели, во овие карантински денови, кога единствената опција е да останеме дома, започнуваме серијал кој седењето дома ќе ви го направи забавно!
#CookingWithAndrea ќе биде серијал во кој секојдневно ќе може да најдете едноставни, а вкусни рецепти, со состојки што најчесто ги имаме по дома постојано.
Ова попладне, ви препорачуваме да замесите пекарски кифли по следниов рецепт:
Пекарски кифли
Состојки:
-1 квасец
-200мл вода
-500мл млеко
-5 лажици шеќер
-1 лажица сол
-1,1кг брашно
-250мл зејтин
Постапка:
Тазе квасецот се раствора во водата. Одделно се топли млекото и во него се додаваат солта, шеќерот и 10 лажици брашно. Во оваа смеса се додава квасецот и се остава да стаса.
Откако ќе стаса се додава зејтинот и 1кг брашно. Се замесува убаво и повторно се остава да стаса.
Се прават топчиња, се сукаат на набрашнета површина и се формираат кифли.
Се редат на тавче и оставаат уште 10ина мин да стасаат. Се премачкуваат со смеса од јајце и малку зејтин. Се наросува сусам/ким/босилек..
Се печат во загреана рерна на 250°C 15-20 минути.
Добар апетит!