Здружението на граѓани „Центар за граѓански комуникации“ од Скопје и Лила Милиќ се годинашни добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за 2024 година, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 10 декември (вторник) во 10 часот во Собранието на Република Македонија, соопшти Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски“, чија претседателка е Александра Цветановска.