понеделник, декември 30, 2024
домаКУЛТУРАЦЕНТАРСКИ УЛИЦИ 2 Светски ден на уметноста

ЦЕНТАРСКИ УЛИЦИ 2 Светски ден на уметноста

Уметноста е забележан момент. Смрзната слика која мигот го отсликува, поставен како растојание меѓу двете најкратки точки на еден нечуен здив!

Задачата на уличните артисти е да го отсликаат на духовит начин она што најмногу го допира општеството: човековата смеа и бес, мудрост и глупост, зрелост и лудост, емпатичност и суета, моќ и немоќ, љубов и омраза!

Низ уличната уметност, уличните живи статуи, а и не само низ неа и не само и останатите улични забавувачи се трудат колку што можат повеќе да помогнат секому.

Насмејте се, поубаво во стои.

На 15 април со почеток од 18:30ч. на ул. Македонија во центарот на Скопје по повод, светскиот ден на уметноста ќе се постават неколку актови со улични живи статуи, каде што истите ќе ја раскажат својата улична приказна, отсликана во само една смрзната слика.

Музички настап на Емил Ејупи квартет

Дизајн на плакат: Златко Митревски

Настанот е дел од програмата за култура на Општина Центар за 2024 година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ