петок, ноември 15, 2024
домаНасловнаЦрн рекорд: Дури 262 новинари во затворите ширум светот

Црн рекорд: Дури 262 новинари во затворите ширум светот

Комитетот за заштита на новинарите, чие седиште во Њујорк, соопшти дека 262 лица се наоѓаат во затвори низ целиот свет поради нивната работа на собирање и објавување вести.

Комитетот забележува дека така е соборен негативниот рекорд, наведувајќи дека се работи за најголем број новинари во затвор, откако Комитетот во почетокот на 1990-тите почна да спроведува годишно истражување за новинарите „зад решетки“.

АП објави дека оваа година е соборен минатогодишниот рекорд од 259 новинари во затвор. Комитетот нагласува дека трите земји каде новинарите најмногу ги затвораат се Турција, Кина и Египет. Во Турција, како што е прецизирано, 73 новинари се „зад решетки“, додека во Кина 41 и 20 во Египет.

Комитетот забележува дека нивната листа, која претставува преглед на новинари кои биле уапсени зашто ја извршувале својата работа, е составена заклучно со 1 декември. Во листата не се вклучени новинари кои се задржани во затвор, а потоа пуштени во текот на годината.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ