недела, декември 22, 2024
домаКујнаЦвеќиња и цветен виолински клуч од Цветин, од денеска го красат и...

Цвеќиња и цветен виолински клуч од Цветин, од денеска го красат и ЗАМП


Преку 50 – тина цртежи со цветови и цветни виолински клучеви денеска беа прикажани и поделени по цветната патека на уметникот Живко Поповски Цветин, на улица “Македонија” како и Здружението на музички автори ЗАМП, каде во топол дочек на домаќините се оддаде почит на 15 декември на ваков начин. Имено на 15 декември во 1945 година Симфонискиот оркестар на денешната Македонска филхармонија го оддржал својот прв симфониски концерт.

По тој повод, во чест на сите авторски музички пера Цветин со пригоден цветен виолински клуч го облагороди просторот на ЗАМП.

Во чест на 15 декември 1946 кога во Скопје започнале првите предавања на Филозофскиот факултет — наследник на стариот скопски филозофски факултет (во склоп на Белградскиот кој пак слави стогодишнината) и прв факултет при Универзитетот во Скопје, денес „Св. Кирил и Методиј“, уметникот подели и цвеќиња на минувачите по улица Македонија, како и на еминентниот македонски писател Блаже Миневски.

Ова беше дел од виртуелната изложба “Мироносната македонска цветна патека на мирот и пријателството”, која почна на 19 ноември и ќе трае до 31 декември кога ќе биде свечено затворена со изложба на сите подарени цртежи овој период и фотографии од досегашни подарени цртежи на оние кои со нив ќе се фотографираат на спомената улица.

Уметникот, кој беше кандидат и за Нобелова награда за мир во 2009 година, досега во својата кариера има подарено 55.000 цртежи со цветни мотиви. На 10 декември во 1990 година е одржана првата негова изложба во Обединетите нации, а деновиве беше прославенa 30-годишнината од тој голем настан.

В. Ѓ. Парго

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ