Хуманистот и уметник Живко Поповски Цветин денеска додели “Цветинова награда за мир” на шпанскиот поет Хустон Хорхе Падрон. Во амбиентот на градската кафана “Пелистер”, наградата ја прими неговата сопруга Клеопатра, која потекнува од Скопје. Големо пријателство и почитување постоеше меѓу славниот поет и голем пријател на Македонија и надалеку прочуениот уметник и деец за мир, кој се посети и дека : “Многу голема поддршка ми даваше Хусто за Нобеловата награда за мир…”.
Падрон му имаше и посветено песна на Цветин, која се најде во неговата книга со песни од повеќе светски поети.
Големиот светски поет лауреат на СВП за 1990 година, Хусто Хорхе Падрон е роден 1943 година во Лас Палмас де Гран Канарија, на Канарските острови, во Шпанија. Тој беше Генерален секретар на Шпанскиот ПЕН клуб од 1983 до 1993 година, основач и главен уредник на меѓународното повеќе јазично списание за поезија “Екиваленсијас” од 1982 до 1994 година и директор на Меѓународниот фестивал за поезија во Лас Палмас де Гран Канарија од 1992 до 2002 година. Беше претседател и организатор на Шестиот светски конгрес на поетите што се одржа во Мадрид во 1982 година. Неговата поезија е преведена на четириесет и четири јазици, а објавени му се стотина книги на странски јазици. Добитник е на триесетина меѓународни награди и признанија меѓу кои ги истакнуваме: Меѓународната награда на Шведската академија, 1972 година; Наградата Меѓународен Бард на Меѓународното здружението на современи поети, Мелбурн, Австралија, 1981 година; Меѓународната награда на Мадрас, Индија, 1982 година; Златниот медал на кинеската култура, 1983 година; Европската награда за книжевност, Југославија, 1986 година; Големата меѓународна награда за литература на Софија, Бугарија, 1988 година ; Двократен добитник на наградата „Нова Македонија” за најдобра песна на СВП, Скопје, Македонија, 1989 година и 2002 година ; Златен венец на Струшките вечери на поезијата, Македонија, 1990 година; Меѓународната награда „Блез Сендрар“, Швајцарија, 1994 година; Меѓународната награда „Никита Станеску”, Романија, 1996 година; Меѓународната награда на градот Трст, Италија, 1999 година ; Меѓународната награда „Леополд Седар Сенгор”, Дакар, Сенегал, 2003 година; Наградата на 9-от Меѓународен саем на книгата во Лима; Перу, 2004 година; Наградата „Златно класје” на Меѓународниот поетски фестивал „Сесар Ваљехо” во Трухиљо, Перу, 2008 година.
Почина во Мадрид на 11 април 2021 година, на 77 годишна возраст.
“Цветинова награда за мир” постхумно за Хусто Хорхе Падрон
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!