Дачија го открива својот нов SUV – цените во Европа се објавени

0
29

Во октомври, Дачија го претстави својот најнов SUV модел, кој е воедно и најголемиот во нејзината понуда. Сега се познати и цените за одредени европски пазари.

Овој семеен SUV, со должина од 457 см и капацитет на багажникот од 667 литри, во Австрија започнува со цена од 23.990 евра, што е мошне конкурентно за овој сегмент на возила.

Особено привлечна е цената за хибридната верзија, која изнесува 27.990 евра.

Дачија Бигстер е достапен со три нивоа на опрема: Expression и две врвни верзии со различни карактеристики – Extreme, за оние кои преферираат теренски изглед, и Journey, за купувачи кои ја ценат удобноста и стилот, со електрично отворање на багажникот, ексклузивен амбиент и електрично прилагодливо возачко седиште.

Основната цена се однесува на моделот TCe 140, кој комбинира нова генерација на 1.2-литарски трицилиндричен турбо-бензински мотор со „лесен“ хибриден систем од 48 V.

Дополнително, Дачија Бигстер е првото возило на групацијата Рено што е достапно со новиот хибриден погон од 155 коњски сили и автоматски менувач, применлив на сите три нивоа на опрема.

На крај, достапен е и моделот TCe 130 4×4, во верзии на опрема Expression и Extreme. Овој модел е опремен со погон на сите четири тркала, комбиниран со шестстепен мануелен менувач и лесен хибриден систем од 48 V.

Ф.С.