Мултимедијалната изложба „Трага во времето“ ќе биде отворена на 14 јули 2026 година (вторник), со почеток во 20:30 часот, во автентичниот амбиент на Музејот на град Скопје.
Овој јубилеен чин со кој се слави културната трага во времето е во рамки на манифестацијата „Скопско лето“.
Оваа изложба е емотивно и документарно сведоштво за една извонредна музичка визија. Преку автентични фотографии, материјали и приказни, поставката претставува дел од десетгодишниот пат на денешниот Национален џез оркестар – пат исполнет со творечка посветеност, заеднички стремежи и незаборавни моменти.
Влезот е слободен.

