Dacia Sandero е најпродаваниот автомобил во Европа

0
2

Во изминатите 11 месеци регистрирани се околу 100.000 нови автомобили повеќе од лани. Dacia Sandero е неприкосновен лидер на пазарот, пред VW Golf и Renault Cli.
Во последните три години, европскиот лидер Golf ја немаше силата каква што имаше некогаш за да ја задржи својата водечка позиција во Европа. Голфот е блиску до врвот, но клиентите ги променија своите навики. Во 2022 година Европејците најмногу му веруваа на Peugeot 208, минатата година за прв пат во електричен модел – Tesla Y, додека годинава тоа ќе биде скромната Dacia Sandero, пренесува Пословни дневник.

Golf забележа раст од 20 отсто, додека Clio забележа раст од 9 отсто во 11-те месеци од оваа година во однос на истиот период лани.

Интересно е што Dacia има два модели меѓу 10-те најдобри во Европа. Имено, Дастер се најде на оваа листа пред Kia Sportage.

Иако оваа година бележи 20 отсто помала продажба, Tesla Model Y со повеќе од 180.000 регистрирани модели зазема многу високо место во севкупното рангирање. Во исто време, тој е убедливо најпродаваниот електричен автомобил во Европа.

Од кинеските марки, вреди да се напомене дека МГ е убедливо најпродавана. За 11 месеци (225.000 регистрирани возила) испорачале само 5.000 автомобили помалку од цела минатата година. Повеќе од една третина од продажбата беше постигната, очекувано, благодарение на достапниот SUV ZS.

Што се однесува до брендовите, Volkswagen е единствениот со повеќе од еден милион продадени возила (1,25 милиони продадени возила) и благ раст од 1,3 отсто. Тојота е втор со 849.628 регистрации и значително поголем раст од 11,3 отсто, додека BMW е трет со 707.527 продадени примероци и раст од 7,8 отсто. Škoda цврсто ја држи четвртата позиција со нешто повеќе од 700.000 испорачани возила за 11 месеци, што претставува раст од дури 12 проценти.

Што се однесува до погонските единици, трет месец по ред лидери се хибридите со удел од 33,2 отсто, пред бензинските модели со 29,7 отсто и електричните модели со пазарен удел од 17,5 отсто.

Подготви: А.Н.