среда, декември 25, 2024
домаЖивотСоцијална политикаДали две маски штитат подобро од една?!

Дали две маски штитат подобро од една?!

Од сите стручни презентации што ги слушаме секој ден, може да се заклучи дека претпазливоста никогаш не е доволна

Добро е што сè повеќе луѓе ја почитуваат мерката носење заштитна маска со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, и дали навистина треба да носиме две маски, една над друга?

Од сите стручни презентации што ги слушаме секој ден, може да се заклучи дека претпазливоста никогаш не е доволна, па ако се чувствувате подобро со две маски, повелете.

Според експертите, ако носите маски N95 или најчестo, хируршки, ставањето дополнителна маска нема да направи многу повеќе во однос на заштитата.

Меѓутоа, ако користите само маски зашиени од платно, тогаш дополнителна маска воопшто не е бесмислена. Ставањето хируршка маска над обична крпа навистина обезбедува подобра заштита, како за вас, така и за сите околу вас. Ова е особено важно ако сте принудени да комуницирате со повеќе луѓе на дневна основа или кога ќе се најдете во толпа, како што е преполн автобус. Истото важи и за подолго патување со меѓуградски автобус.

Носењето двојна маска дополнително ќе ве заштити во ризични ситуации, но тоа не значи дека треба да заборавите на другите мерки за заштита како што се честото миење и дистанцирање на рацете. Исто така, без оглед колку маски имате, важно е да ги носите правилно, односно да се вклопуваат добро на лицето, да ги покривате устата и носот, како и да бидат обликувани на носот, така што да пропушта што е можно помалку воздух.

Како што на шега рече некој лекар, со честа промена на маските и правилно одржување на повеќекратните, најдобра маска е онаа што се носи постојано. Важно е носењето маска да стане рутина. Заедно со клучевите и телефонот, маската мора да стане третиот предмет што никогаш не смееме да го заборавиме дома.

Да ве потсетиме, ако носите платнени маски, изберете ги оние што може да се варат и пеглаат на висока температура.

А.Н.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ