петок, септември 20, 2024
домаДали ЕУ денес ќе ја одобри вакцината на „АстраЗенека“?

Дали ЕУ денес ќе ја одобри вакцината на „АстраЗенека“?

Европската унија се очекува да даде зелено светло за вакцината на „АстраЗенека“ во петок, а компанијата ќе биде под голем притисок да ги поправи очекуваните доцнења во испораката.

Европската агенција за лекови (ЕМА) се очекува да препорача вакцина на оваа британско-шведска компанија за пазарот.

Европската комисија потоа може да и даде формално одобрување во рок од неколку часа, што ќе биде третата вакцина достапна на ЕУ, заедно со вакцината на германско-американската компанија „Фајзер-БиоНТек“ и американската вакцина на „Модерна“.

Се смета дека ЕМА првично би можела да им ја препорача вакцината само на помладите луѓе, поради оскудни податоци за нејзината ефикасност за над 65-годишна возраст. Германскиот одбор за вакцини најави сличен потег во четвртокот.

Без оглед на тоа кој би можел да ја прими вакцината, ЕУ сè уште треба да се бори со значително пониски испораки од ветеното.

„АстраЗенека“ минатата недела најави доцнења, кои наидоа на осуда од Европската комисија и земјите-членки на Европската унија. Преку преговори за кризата, тие досега не успеаја да го решат спорот.

Во меѓувреме, Комисијата најверојатно во петок официјално ќе препорача воспоставување на ЕУ „регистар на транспарентност“ за извоз на вакцини за коронавирус надвор од блокот до крајот на март.

Исто така, тоа ќе овозможи блокади на извозот на вакцини направени во блокот за кој ЕУ смета дека има законско право над нив преку договорите со фармацевтските компании. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ