понеделник, јануари 20, 2025
домаКујнаДали можe да се пие јогурт со истечен рок и што може...

Дали можe да се пие јогурт со истечен рок и што може да ви се случи?

Иако можеби не е на исто ниво како лебот, млекото и јајцата, јогуртот е дефинитивно една од основните намирници. Јогуртот не е само разноврсен (може да се користи како основа за сосови, пијалаци и колачи, или да се јаде со лажица), туку е и хранливо пожелна храна.

„Јогуртот е добар извор на калциум за зајакнување на коските, но и за здравјето на цревата заради добрите бактерии што ги содржи“, вели нутриционистот Кери Ганс. Исто така, може да биде извор на протеини. И покрај неговите квалитети, честопати гоо забораваме во фрижидерот, а кога ќе го видиме повторно, забележуваме дека му истекол рокот. Ова, се разбира, повлекува некои прашања, како што се: Дали е добро да пиете јогурт по неговиот рок на траење и што може да се случи  ако се осмелите да го испиете. Во суштина, следниот пат кога ќе пронајдете јогурт со истечен рок на траење , не фрлајте го затоа што датумот означен како „најдобар за употреба“ не значи дека тој е технички истечен, туку дека неговата најголема хранливост била до таргетираниот датум.

„Голем дел од тоа се сведува на квалитетот, а не на безбедносниот критериум“, вели д-р. Бенџамин Чепмен, професор на Универзитетот во Северна Каролина. Во суштина, датумот отпечатен на јогуртот значи само до кога производителот гарантира дека квалитетот на јогуртот е на најквалитетен. На кратко, можете да пиете јогурт и откако ќе истече рокот на траење .

„По истекот на рокот, тој ќе стане повеќе кисел поради ферментацијата“, вели Чепмен, „Сепак, тоа не значи дека е безбедно да јадете јогурт што е со месеци во вашиот фрижидер. Неотворениот јогурт обично може да се пие околу еден месец откако ќе истече рокот.” Ако го отворите јогуртот и го оставите во фрижидер, може да трае и до една недела.

Како можете да бидете сигурни дека јогуртот е сè уште добар?

Работите се едноставни, вели Чепмен, мириснете го јогуртот и ако мириса лошо, фрлете го. Ако мириса добро,но има лош вкус, исфрлете го. Ако неговиот вкус и мирис се добри, можете да го конзумирате.

Како правилно да чувате јогурт? 

еднаш штом ќе го донесете од продавницата, ставете го во фрижидер. Обидете се да не го чувате јогуртот отворен повеќе од неколку дена во фрижидер. Ако ви се случи да купите повеќе јогурта отколку што можете да испиете во блиска иднина, замрзнете го. Ганс вели дека јогуртот може да стои замрзнат еден до два месеца без да го смени вкусот откако ќе се одмрзне.

Н.С.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ