понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотСоцијална политикаДаниел Тошевски: Почитувани банкари престанете веќе еднаш со таа дискриминација!

Даниел Тошевски: Почитувани банкари престанете веќе еднаш со таа дискриминација!

Една работа никако не ми е јасна.
Како може ученик кој е првенец на генерација со сите петки да биде неписмен? Што имаат заедничко слепилото и неписменоста? Мојот брат Виктор кој вчера буквално се измалтретирал по нашиве банки да заврши некоја работа, кога дошло ред да се потпише, и кога мајка ми рекла дека со нејзина помош ќе се потпише како слепо лице, тие се запнале дека е неписмен, па неписмен.
Ова не е прв пат. И мене ми се случувало, но почитувани банкари, крајно време е да почнете да разликувате слепило од неписменост. Сите тие што за едно слепо лице ќе кажат дека е неписмен тие се понеписмени од секој друг, џабе се вработени во банка или било која институција.
Престанете веќе еднаш со таа дискриминација кон нас лицата со посебни потреби бидејќи можам слободно нескромно да кажам дека сме и многу паметни, и многу писмени и образовани.
Не ни ги бива институцииве во државава, и не ни ги бива за жал – со овие зборови денес до јавноста се обрати Даниел Тошевски, познат пејач и член на Здружение на слепи и лица со оштетен вид од Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ