петок, јануари 24, 2025
домаДарја Ризова најдобра актерка на Фестивалот на актерот во Коњиц

Дарја Ризова најдобра актерка на Фестивалот на актерот во Коњиц

На деветтиот  Фестивал на актерот во Коњиц на кој учествуваа девет професионални театри од регионот: Србија, Хрватска, РС Македонија и БиХ, нашата актерка Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра актерка за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, а во режија на Нина Николиќ.

Како што истакна и директорот на фестивалот, Бенјамин Мушиновиќ, радува фактот што оваа награда како жири-комисија ја доделува самата публика. За разлика од другите театарски фестивали, жирито на овој фестивал го сочинува само публиката која го избира најдобриот актер и актерка, информира Македонски народен театар.

Фестивалската програма завршува со прогласување на најдобра актерка и најдобар актер на 15 јуни 2022 година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ