Ако имате куче во семејството, тоа на вашите деца сигурно ќе им го надополни детството. Се разбира, дека чувањето на куче во семејство со мали деца зад себе повлекува многу прашања. Но, и колку и да се внимава кучето да не го повреди детето, треба да се има на ум дека, поради нивната големина и непредвидливото однесување на децата, може да предизвикаат различни реакции кај кучињата. Сепак, пред да донесете куче дома, треба да се информирате и да знаете неколу работи, а тоа се: како да одберете куче и какво куче ви одговара во однос на условите во кои живеете, какво куче да донесете дома, кои здравствени проблеми се поврзани со чување на куче, како и тоа кои ризици ги превземате на себе, какви проблеми во однесувањето на кучето и во однесувањето на детето може да предизвика донесувањето куче дома…
Каков вид на куче, и кога да го донесете дома?
Според најновите податоци, луѓето почнале да ги припитомуваат кучињата пред повеќе од 100.000 години. Нема други домашни животни кои имаат таква долга историја на поврзаност со луѓето како кучето. Исто така, нема други видови животни кои имаат толку голем број на генетски и фенотипски варијации. Повеќестраното припитомување на кучињата, како и факторите како што е интензивно одгледување на одредени селекции ,доведоа до поголем број на варијации од било кој друг вид. Ова е и причината зошто се мачиме да избереме вистинско куче, со кое ќе се постигне најдобра хармонија.
Сепак, треба да се има на ум дека не секое куче е добро за секое дете, како и не секое дете не е добро за секое куче. Затоа, треба да се посвети малку повеќе внимание при изборот на куче доколку имате мали деца дома, особено ако се помлади од 6 години. Гигант расите кои се одгледуваат како кучиња за чувување и заштита, тие кучиња повеќе се предодреден за агресивно однесување, и не се препорачуваат да бидат ваш избор. Исто така и големи кучиња кои се многу темпераменти и кои во текот на играта лесно може да го соборат детето, не треба да бидат ваш избор, како ни кучиња кои се познати како “големи лајовци”. Во семејства со мали деца, родителите обично имаат многу обврски и немаат доволно време да се грижат и за кучињата чие чување бара секојдневно чешлање, прошетки и посети на ветеринар, образование и обука, и слично. Ако сте одлучиле да земете кученце треба да знаете дека тоа бара исто време како мало дете, па затоа треба добро да размислите дали сте навистина подготвени за такво нешто.
Најголемите проблеми се јавуваат со кучињата кои родителите им ги купуваат на нивните деца само затоа што тоа би било добро за нив или затоа што тие долго ги молеле да им подарат куче. Но, ако барем еден од родителите, не сака куче, и не се подготвени да ја преземат одговорноста за куче (бидејќи децата таа одговорност навистина неможат да ја преземат на себе), тогаш единствен вистински совети за купување на кучето е – НЕМОЈТЕ СЕГА!. Чување на куче во таква средина би се претворило во агонија и за вас и за вашето куче. Децата од училишна возраст може да развијат добри односи со вашето куче, но се уште не се способни да се грижат за чувањети и одгледувањето на кучето, ангажманот на родителите сè уште е потребен.
Кога ќе изберете куче врз основа на вашите преференции, имате две опции. Можете да го посетите локалното засолниште за напуштени животни, Вардариште, во кое сигурно ќе најдете нешто за себе и вашето семејство. Волонтери и вработени во прифатилиштето ќе ви кажат сè што знаат за жителите на засолништето, за нивната личност и темпераментот. Ако сте неодлучни тие се во можност да ви помогнат да најдете милениче, кое најдобро ќе ви одговара на вам и на вашите деца според начинот на живот.
Друга опција е купување на чистокрвни кучиња. Ако одлучите да купите одредена раса на кучиња прво што треба да направите е да го најдете одгледувачот на таа раса. Прашајте со повеќе одгледувачи на таа раса на кучиња и распрашајте се добро за расата кај луѓе кои веќе имаат такво куче. Еден добар одгледувач ќе знае се за таа раса, особено за темпераментот на кучињата и верувајте тие ќе бидат среќни да ги споделат своите знаења со вас. Не купувајте чистокрвни кучиња без педигре, бидејќи зад овие кучиња најчесто се кријат препродавачи на кучиња или имаа мали “породилишта за кучиња” каде што ги држат кучињата во несоодветни, екстремно лоши услови. Таквите кучиња се често болни и може да бидат многу трауматизирани, а нивните сопственици ги чуваат само за приплод и профит..
Кога ќе се одлучите да донесе куче дома, во секој случај тоа мора да има доволно време да се прилагоди на новата средина и ситуацијата во која се нашло. Направете правила на однесување кои вашите деца мора да ги почитуваат во справувањето со вашето куче. Дефинирајте правила на игра, наведете локацијата каде што кучето ќе спие. Кучињата треба да имаат место за одмор и спиење, а тоа не треба да биде креветот на вашите деца. Но, за да ги научите децата како да се справат со кучето, прво ќе треба вие да се информирате и да се едуцирате себеси, а во игра со нив и со вашето куче поминувајќи многу време, ќе ги научите и нив како да се однесуваат со него. Во секој случај, размислете и за школа за дресирање на кучиња, затоа што само добро обучени кучиња се пријатно друштбо, особено во семејствата со деца.
Ако треба во дом со куче да донесете ново бебе, правилата се донекаде слични. Оставете доволно простор и време кучето да се навикне на новиот член дома. Пред доаѓањето на новороденчето, па и откако ќе дојде, посветувајте му доволно време на кучето, и не го исклучувајте. Повеќето кучиња немаат проблем со новиот член на семејството. Првично, тоа ќе покаже голем интерес и може да се чувствува помалку отфрлено од играта. Чувството на исклученост многу лесно се елиминира ако најдете време и за кучето во текот на денот.
Соживот на деца и кучиња
Бебето и кучето нема да бидат речиси во никаква интеракција сè додека бебе не почне да ползи. Тогаш на кучето мора да му обезбедите простор во кој тоа ќе може да се повлече, бидејќи не можете да очекувате детето да знае дека кучето треба да биде оставена само на себе. Важно е да се научи кучето која е неговата положба во семејството и каков статус има новиот член. Како и во ситуација кога ќе донесете куче во семејство со деца, ако донесете дете во семејство со куче, сè ќе биде многу полесно и побезболно ако кучето е убаво одгледано. Дури и ако имате постаро куче, пред доаѓањето на бебето посетете курс за социјализирање и послушност со вашето куче, или прочитајте соодветна литература за пдгледување на кучиња.
Кучето е друштвено животни и не му се допаѓа да го минува времето само. Преку дружба со луѓето тоа ги исполнува неговите навики, учи за она какво однесување е прифатливо, што смее, а што несмее. Големи промени во животната средина може да го збунат кучето и бара нови прилагодување во запознавањето на новите правила.
Кучето е животно кое му припаѓа на чопорот, кое има вродена потреба да живее во еден систем на хиерархија. Веќе по 4-5 недела очигледно е кој делод леглото е доминантно и како таа доминација се изразува. Доминантно куче е она кое прво јаде, кое ја започнува играта и она што се осмелува да го напушти гнездото. Кога ќе го напушти леглото, кутре добива ново друштво кое се состои од сите членови на едно домаќинство, и луѓето и животните. Кучето првично можеби ќе сака да се етаблира како лидер, а ако тоа не му дозволи, тогаш тоа има потреба да го следи лидерот во семејството кој ја одредува позиција меѓу другите членови на семејството. Поаѓање од традиционалната рутина за безбедноста на семејниот живот, доаѓањето на новиот член е стресна ситуација. Кучето нема да се релаксира додека целосно не се најде во новата ситуација и не го најде своето место во новата средина. Кучето додека расте, а и потоа, по некоја голема промена во неговиот “чопор” како што е доаѓање на нов член, треба постојано да учи дека неговиот сопственик е лидер и дека неговата позиција е под сите други членови на семејството. Ова во никој случај не значи тепање, но упорност и доследност во воспитувањето на кучето. Куче што физички се казнува живее во страв, а понекогаш може и да се одмазди. Кога го удирате кучето, тоа е најчесто поради одмазда и нема никаква врска со воспитувањето на кучето.
Кучето е животно од дувло, па затоа сака да има свое место (торба, кошница, кутија) каде што се вовлекува кога сака да биде само. Тоа нема да го спречи негова територија или дувло да си организира во фотелјата или, по можност, во креветот на сопственикот. Ако одлучите да не го споделувате вашиот кревет со кучето,бидете доследни, без оглед на тоа колку тоа е упорно да легне до вас. Погледот што моли нема никаква врска со тага – кучето едноставно мора да се навикне на своето место. Сепак, тоа е докажано дека кучињата се чувствителни на подземни зрачење, па ако земјата упорно одбива да биде на локација што сте ја определиле, сменете му ја – можеби му е непријатно поради тоа.
Комуникација
За разлика од нас, луѓето, кои најгоелм дел од комуникацијата ја „одигруваме“ преку зборување, кучињата комуницираат преку целото тело. Разбирање на јазикот на телото на кучиња може да ви даде многу корисни информации како за вашето, но исто така и за други кучиња. Според нивното држење и положбата на телото и неговите делови може да се каже кога кучето има страв, дали е нервозно, опуштено, среќно, кога се подредува како инфериорно, а кога е во можност да нападне и гризне друго куче или лице. За да ги препознаете сите овие состојби на свест кај кучето, мора да ги набљудувате неговото лице, но и целото тело.
Здравје и болест
Многу важно прашање за соживот со куче е здравјето на кучето. Со соодветна грижа и превенција многу мал е ризикот од пренос на болести од кучињата на луѓето. Кога ќе го донесете дома малото кутре е добро да се однесе на ветеринар за испитување. Овие посети на ветеринар (кога кучето е болно) може да придонесат да се научи кучето на ветеринарна клиника и ветеринар. Кога сте на ветеринар, слушајте ги неговите инструкции бидејќи во голема мера ќе ви помогнат во негата на вашето куче, а посетата на ветеринар на вашето куче нема да му претставува никаков стрес.
Вашето кутре, во повеќето случаи, еднаш или двапати ќе биде вакцинирано против заразни болести. Оваа вакцинација вклучува заштита против најчестите болести кај кучињата. Вакцинација првично се спроведува на 8-та, 12-та и 16та недела старост, а подоцна еднаш или два пати годишно, во зависност од видот на вакцината и календарот за вакцинирање. Овие вакцини го штитат вашето куче.
Во Македонија, како и во повеќето други европски земји, законот предвидува обврска за вакцинација на кучиња против беснило и доза на antihelmintic третман (третман против внатрешни паразити – третирана за црви) на возраст од три месеци. Вакцинацијата мора да се повторува секоја година, а вашиот ветеринар води посебна евиденција пропишана со закон и одлуката на надлежното министерство. Вакцинација против беснило е единствениот начин да се заштитат од оваа болест, а која може да ги загрози како кучињата, така и луѓето. Децата, исто така, лесно може да се заразат од глистите и од изметот на кучето, па затоа е исклучително важно тоа редовно да се прочистува од глисти (на секои шест месеци).
Од кожните паразити најчесто се среќаваме со болви и крлежи и со нив ја води борбата речиси цело време. Болви гризат и се хранат со крвта, што предизвикува чешање и иритација. Крлежите се исто така надворешни паразити, кои се хранат со крвта на својот домаќин, и пренесуваат сериозни болести, а подеднакво ги напаѓаат и кучињата и луѓето. Заштита од болви и крлежи се врши со спрејови, ампули, заштитни јаки, итн. Овие препарати треба да се користи редовно и континуирано, според упатствата на производителот .
Најдобриот совет за безбедноста на вашите деца и прашања поврзани со здравјето и можните зоонози е: консултирајте се со Вашиот педијатар и вашиот ветеринар, слушнете ги нивните совети и следете ги инструкциите.
Кучињата ги штитат бебињата од инфекции
Студијата објавена во специјализираниот американски магазин Pediatrics не објаснува зошто, но сугерира дека животот во контакт со куче коешто ќе мине најмал дел од денот надвор од куќата го зајакнува имунолошкиот систем на детето во првата година од животот. Мачките, исто така, даваат заштита на бебињата, иако нивниот имунолошки ефект е послаб отколку во случајот со кучињата.
Студијата се темели на истражувањето спроведено кај 397 деца од финска чиишто родители секојдневно ја бележеле во дневник здравствената состојба на своите деца во текот на првата година, од деветтата до 52 седмица.
Општо, бебињата коишто живееле во семејства кои чувале кучиња и мачки биле за 30 отсто помалку склони кон инфекции на дишните патишта, вклучувајќи го и кашлањето, крчењето, треска и зголемена телесна температура, како и приближно за половина биле помалку склони на развој на инфекции на ушите. Децата со домашни миленичиња трошеле и помалку антибиотици.
„Ако децата имале контакт со куче или мачка во куќата, беа со подобро здравје во текот на периодот на истражувањето”, се тврди во студијата спроведена од експертите од универзитетската болница во Куопио во Финска.
„Ги претставуваме првите докази дека поседувањето куче може да претставува заштита од инфекции на респираторниот тракт во текот на првата година од животот. Сметаме дека контактот со животни помага во созревањето на имунолошкиот систем, што доведува до подобар имунолошки одговор на организмот и покусо траење на инфекцијата”, се додава во студијата.
Подготвила: С.Н.