понеделник, ноември 18, 2024
домаЖивотДеменцијата тема на тркалезна маса за Меѓународниот ден на толеранција

Деменцијата тема на тркалезна маса за Меѓународниот ден на толеранција

По повод Меѓународниот ден на Толеранција прогласен од ОН – 16 ноември, на 14 ноември, вторник, со почеток во 18:00 часот, во Кинотека на Северна Македонија ќе се одржи Тркалезна маса на тема ”Да помагаме и почитуваме, а не да отфрламе“, со фокус на третманот на лицата со деменција.

Настанот е во организација на „Инер вил Клуб Скопје Еуропеа“, кој по седми пат организира активности за одбележување на овој ден. Настанот ќе започне со проекција на краткометражниот документарен филм: „Деменција – еден месец во животот“.

По филмот ќе следи панел дискусија, модерирана од м-р Ели Танасковска. Панелисти ќе бидат професионалци од медицинската струка, како и луѓе кои имале искуства со справување со деменција на нивните најблиски:
– Доц. д-р Габриела Новотни, специјалист-невролог;
– Проф. д-р. Анита Арсовска, специјалист-невролог;
– Драгица Русевска Христова, новинарка и авторка на книгата: “Кога мама заборави дека ме сака“
– Тања Кочовска, актерка

Настанот е отворен за јавноста.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ