понеделник, ноември 18, 2024
домаКујна"Денови на Европско Скопје 2019" со изложби, промоции, концерт

“Денови на Европско Скопје 2019” со изложби, промоции, концерт

На прес конференција во градската кафеана „Пелистер“ денес беше претставена програмата на „Денови на Европско Скопје 2019“. На 25 октомври во 20 часот во КИЦ ќе биде отворена изложба на фотографии, на авторите Иван Блажев, Александар Контев, Матијас Шуман. Изложбата се вика “Дрезден: Лица/простпр/време”.
На 28 октомври во 19.19 часот во КИЦ на програмата е концерт на Музичка младина на Македонија „Пет-Квинтет“. Промоција на книгата „Од летописот на творците за роднокрајното Скопје“ напишана од Тамара Арсовска ќе биде во „Пелистер“ во 11 часот.
На 30 октомври во 12.30 часот во Стопанска банка – Топси банка за млади, ќе има работилница на која ќе предава фотографор Љупчо Илиевски, и ќе учествуваат учениците на ДСУЛУД “Лазар Личеновски”. Аматерска изложба на учениците од ДСУЛУД под наслов „Мој портрет за моето Европско Скопје“ ќе биде организирана на 5 ноември во ЕУ Инфо центар во 19 часот, а на 20 ноември доделување на награди за трите најдобри новинарски текстови на тема Скопје.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ