сабота, јули 27, 2024
домаКујнаДете единствено преживеа авионска несреќа во Русија

Дете единствено преживеа авионска несреќа во Русија

Тригодишно девојче преживеа авионска несреќа во која загинаа осум лица. Несреќата се случи кога мал патнички авион Лет Л-410 се урна при слетување во регионот Хабаровск во далечниот исток на Русија. Во авионот имало седум патници и двајца пилоти.

„Осум лица загинаа, а детето преживеа“, рече портпаролот на оперативниот штаб на Тас.

Девојчето било пренесено во болница и е во сериозна, но стабилна состојба, изјави претставникот на администрацијата во селото Нелкан, Вера Суљатева.

Селото Нелкан, каде што се урна авионот, се наоѓа во регион каде летањето често е единствениот начин на транспорт меѓу изолирани места. Можните причини за несреќата се лоши метеоролошки услови, пилотска грешка или технички проблеми.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ