понеделник, декември 30, 2024
домаЏафери: Ромите се нераскинлив и природен дел на нашето општество

Џафери: Ромите се нераскинлив и природен дел на нашето општество

По повод 8 април – Меѓународниот ден на Ромите, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери упати честитка до припадниците на ромската заедница во државата.

„Почитувани граѓани, припадници на Ромската заедница,

Со големо задоволство упатувам до вас во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име честитки по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.

8 Април е ден којшто го одбележуваме во ваша чест драги сограѓани Роми, затоа што и вие, како и сите граѓани, сте нераскинлив и природен дел на оваа држава и општество. И вие, заедно со сите граѓани ги чувствувате и благодатите, меѓутоа и тешките денови и ситуации кои ги носи животот. Придонесувате со тоа што можете, се трудите да се подобрат состојбите во секоја сфера и се посветувате кон обезбедување на подобра иднина, за нашата заедничка држава, за нашето општество и за нашите идни поколенија. Притоа, го вложувате вашиот единствен и уникатен карактер, вашата харизма, позитивност и бестрашност. Овој ден, е признание и потврда од страна на државата, институциите, вашите сограѓани и општеството во целост дека и вие сте суштински дел од цел овој контекст.

Како Влада, преку усвоената Национална стратегија за Роми која е дел од јавните, државни политики, преземаме мерки во конкретни области за да обезбедиме основа за ваша целосна и вистинска интеграција, затоа што само тогаш, кога и самите ќе бидете дел од системот, ќе можете да го направите најдоброто, првин за себе, потоа и за општеството и државата. Тука е клучно образованието, кое е најдобра инвестиција во растот и развојот на младите кои се иднината на државата, и на светот. Затоа, бидете мудри, бидете упорни, чекорете храбро и сигурно кон светлината што се појавува кога ќе се просветли умот. Само тогаш ќе може да излезе на светло и вашиот вистински и оригинален потенцијал којшто се разликува од сите други.

Наша обврска како држава и државни институции е да бидеме до Вас во секој чекор напред.

Честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите!

Bahtalo Maškarthemutno Dive e Romengo – 8 April!“

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ