понеделник, јануари 20, 2025
домаНасловнаЏафери: Собранието не може да се состане, предлогот од Влада за вонредна...

Џафери: Собранието не може да се состане, предлогот од Влада за вонредна состојба ќе го проследам до Претседателот на државата

Собранискиот спикер Тала Џафери соопшти попладнево на прес конференција дека го очекува предлогот на Владата за прогласување вонредна состојба за веднаш да го достави до  претседателот на државата Стево Пендаровски кој во моментов е единствено правно надлежен да прогласи вонредна состојба.

Собранието не може да се собере како факт што со одлуката за самораспуштање тоа веќе не постои, но индиректно и поради немање услови за работа поради мерките донесени да не се собира голема група на луѓе на ист простор во ситуација на епидемија на корона вирус, појасни спикерот Џафери.

-Ценејќи ја ситуацијата со коронавирусот, не треба да се одржат изборите, но тоа е политичка одлука, а од правен аспект Собранието не може да се состане, бидејќи вратен е легитимитетот кај граѓаните. Сепак сметам дека е неопходно да се прогласи вонредна состојба со која другите институции ќе може да функционираат. Во очекувањее сум на добивање на предлог одлуката од владата, за што ќе информирам, и сходно на процедурите и надлежностите врз основа на Уставот, поради општа констатација дека Собранието не може да се собере ќе биде испратено до претседателот на државата да постапи како што е пропишано според проценка на ситуацијата – изјави Џафери.

Надлежностите потоа преминуваат во Владата која треба да ги доуредува условите за прогласување вонредна состојба, посочи спикерот Џафери.  А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ