Џенифер Анистон вмешана во приказната за разводот на Барак и Мишел Обама?!

0
39

Во последните денови, шпекулациите за разводот на Барак и Мишел Обама повторно станаа актуелни. Во јавноста повторно испливаа гласините за наводната афера на поранешниот американски претседател со познатата актерка Џенифер Анистон.

Со години кружат приказни дека Барак бил неверен, а тие достигнаа кулминација во октомври 2024 година, кога Џенифер јавно негираше дека има врска со Обама.

Гласините дополнително се разгореа во популарниот подкаст „Who? Weekly,“ каде што беше изнесено дека Барак и Мишел веќе живеат одвоено и дека тој и Џенифер навистина имале афера, пренесува Klix.

Според неофицијални извори, шпекулациите за разводот се засилија кога Мишел не присуствуваше на погребот на поранешниот претседател Џими Картер на 9 јануари 2025 година, ниту пак планира да биде присутна на инаугурацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп на 20 јануари 2025 година.

Барак и Мишел се запознале во 1989 година, кога Мишел работела како менторка во адвокатската фирма Sidley Austin, каде што Барак бил приправник. Се венчале во 1992 година и имаат две ќерки – Малија и Саша.

Додека шпекулациите продолжуваат да го привлекуваат вниманието на јавноста, останува неизвесно дали овие гласини ќе добијат потврда или ќе останат само дел од холивудските трачеви.

С.Н