Џесика Алба, познатата холивудска актерка, објави дека се разведува од својот сопруг Кеш Ворен по 16 години брак. Веста ја сподели преку своите социјални мрежи, изјавувајќи дека оваа одлука ја донеле заеднички и со голема почит еден кон друг.
„Ова не е нешто што го очекував или го посакував, но понекогаш животот не носи во насока која не сме ја планирале. Оваа одлука ја донесовме заради доброто на нашето семејство и за нас како индивидуи. Последните неколку години бев на пат на самооткривање и разбрав дека е време за промени“, напиша Алба.
Алба и Ворен се венчаа во 2008 година и заедно имаат три деца. Таа истакна дека нивниот фокус останува на заедничкото родителство и благосостојбата на децата.
„Ќе продолжиме да бидеме семејство и секогаш ќе бидеме тука еден за друг. Ви благодариме на сите за поддршката и разбирањето“, додаде таа.
Веста предизвика бројни реакции меѓу нејзините фанови, кои ја поддржуваат во оваа тешка фаза од животот.
С.Н.