Со блескав џез концерт на реномираните македонски уметници Георги Шаревски, Џијан Емин, Гоце Стевковски и Оливер Јосифовски, во тајванскиот дел на Јавна соба, вечерва се славеше четвртиот роденден. Четири години, четири дена славје со диџеи, музичари, меѓу кои и диџеј Еди Рамиш од Германија. Паблик рум или Јавна соба е пространо на 1.480 метри квадратни, во кои секое катче е резервирано за изблици на креативност, иновации, гастрономија, едукативни и културни настани, прослави, концерти. Живее во духот на градот и светските настани кои ги организира многу често.