четврток, мај 30, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖенски приказни: Дискриминација врз жени: Власта сакаше да не врати во времето...

Женски приказни: Дискриминација врз жени: Власта сакаше да не врати во времето на Чаушеску!

Ако погледнеме наназад (нешто што е неизбежно и неопходно за да се донесе заклучок за состојбата денеска), еден од непотребно вознемирувачките и дискриминаторски закони кој тогашната власта сакаше да ги наметне врз граѓаните во 2009 година, беше: воведување на данок за немажени и неженети самци.

Изгледа смешно и нереално, како во комедија, а за малку и овој закон ќе паднеше на грб на граѓаните, поточно на онаа категорија која немаше формирано свое семејство.

Оправданието од власта, наводно, беше дека има многу немажени и неженети  возрасни луѓе, и сите тие заслужуваат „топло семеејно катче“.

Ако се земе да се разгледаат статистички податоци за тие немажени и неженети ќе се заклучи дека најголемиот дел од нив се невработени и на работ на преживување. А за да се формира семејство прв услов е вработеност, финансиска подготвеност, или барем одредена финансиска сигурност, која во нивните случаи најчесто изостанувала.

Неженетите, на помлада возраст ја напуштаат државата и одат да рбаотат секакви подобро платени физички работи во други земји, а неженетите над 30 и 40 години, или се по спортски обложувалници, надевајќи се дека ќе дојдат до некоја финансиска добивка, додека немажените повлечени дома, без желба за дружење и без финансиски средства за социјален живот- посета на концерти, претстави, ресторани, дискотеки, клубови, одмори.

 

-Наместо да ни бара пари, власта треба да ни даде пари, да се погрижи да имаме редовни и солидни примања, за да можеме да воспоставиме и водиме нормален и активен социјален живот. Во овој период најмногу стапуваа во брак активисти во партија, поддржувачи на власта, добро ситуирани и вработени, кои може да си го дозволат тој „луксуз“, кој ние не можеме, коментираа тогаш оние кои беа најзасегнати.

Дикриминаторската власт беше поддржана и од непрофесионални и секогаш дискриминаторски настроени уредници и новинари, кои се осмелуваа дури и на насловни страници да се пошегуваат со оваа категорија на граѓани. „Кај сами, па уште и казна  да плаќаат“, гласеше насловот со подбив, во еден дневен весник со послаба потрошувачка.

Но, оваа лакрдија, со која наводно требаше да се средува демографскиот статус и проширување на населението, за основа и претходница го има искуство од  најголемиот европски диктатор во втората половина на минатиот век, Николае Чаушеску. Тој имал таен Романија да прерасне во земја со 30 милиони жители. Затоа ги затегнал законите, секој/а да стапи во брак и да раѓа деца.
Ова било апсурдна амбиција на Николае Чаушеску, кој сакал брзо да ја зголеми популацијата на Романија и тоа со било какви средства.

Идеалното општество со целосно комунистички настроени луѓе било суштината на сонот на диктаторот, затоа наметнувал несоодветни мерки за да го принуди растот на раѓањето. Населението на Романија  во четири децении во кои земјата била под комунистичка диктатура се зголемило само со 7 милиони жители, што во тоа време значел еден од највисоките демографски раст во Европа. Но, амбициите на диктаторот Чаушеску, биле изложени во таканаречената програма за „повеќестрано развиено социјалистичко општество“.

Во 1974 година, донесена била програма во која меѓудругото се вели: “Ќе се преземат соодветни мерки за да се обезбеди нормален демографски пораст,  политиката за зголемување на наталитетот ќе се применува последователно, така што во 1990-та година населението на Романија ќе достигне најмалку 25 милиони жители, а во 2000-та година на околу 30 милиони жители“.

Чаушеску со една мерка забранил и разводи. Со декретот 779 во 1966 година, во Кривичниот законик, разводот во Романија станал луксуз со номинални износи. А постапка за развод била со долг период на чекање, за да се направи обид за помирување на двојката. Можело бракот да се доведе до престанок амо ако кај едниот брачен другар била дијагностицирана ментална болест или доколку еден од сопружниците бил напуштен, на база имиграција. Проблeмитe од други причини, како што се домашно насилство или неверство, не доаѓале во предвид. Судењето за развод исто така вклучувало големи даноци на месечните примања.

Статистичките податоци покажуваат дека во 1966 имало 25.000 разводи, а по овој закон, во 1967  Романија завршила само со  48 разводи.

Да ги принуди жителите да се оженат и да имаат деца, им наметнал данок на целибат .Биле принудени да платат 10% данок на нивниот месечен приход. Данокот бил инспириран од советските комунистички држави. За разлика од Русите, кои ги вовеле такса од 6-8% за таква намена, Романците плаќале 10% од месечните примања (кај нас се предвидуваше такса од 2.000 денари месечно). Првично, данокот ги насочувал само брачните двојки без деца. Од 1977 година се применува и за невенчани двојки. А за целибатот се сметале оние од 25-50 години и сите жени кои на свои од 20 до 45 години немале деца. Во Романија законот за абортус бил забранет во 1948 година, по Втората светска војна, кога населението во Романија драстично се намалил, а властите сакале демографски раст. Во 1957 година, романските власти ја вратиле одлуката за абортус. Чаушеску се побунил и во 1966 година, сакајќи да се зголеми раѓањето по секоја цена, го направил абортусот кривично дело. Во октомври 1966 година, со уредбата 770 абортусот бил забранет.

Според Членот 2 од Уредбата 770 се  обезбедило можност за абортус само во некои ситуации, каде бременоста  била опасна по живот за жената, кога еден од родителите страдал од сериозна болест која е наследна или предизвикува тешки последици; бремената жена има тешки физички, ментални или сензорни нарушувања; жената е на возраст над 45 години; жената родила четири деца и се грижи за нив, кога бременоста е резултат на силување или инцест. Според член 3 од Уредбата, “прекинот во случаите предвидени во чл. 2 може да се изврши во текот на првите три месеци од бременоста“.
Исто така, лекарите, медицинските сестри или акушерките кои биле фатени тајно  како вршат абортус, биле казнувани. Но, Чаушеску само делумно ја постигнал својата цел. Според статистичките податоци, во 1967 година стапката на наталитет во Романија се зголемила двојно. Но, она што е погубно, се проценува дека од 1966 до 1989 над 10.000 жени починале од нелегални абортуси. Бројката е уште поголема, забележани се многу смртни случаи на жени кои имале сепса или бубрежна слабост, и компликации кои настанале по абортусот. Илјадници други жени останале осакатени како резултат на тајни и нестручно извршени абортуси и не биле во можност потоа да имаат деца. Многу од “декрет”, децата родени во 1966-1989 година се родиле болни или со попреченост и хендикеп поради неуспешните абортуси.
Сето тоа биле ужасите од диктаторските демографски политики на Чаушески.

За среќа, законот за целибат не се воведе кај нас, што би бил многу регресивен и би укажувал на директно мешање на власта во приватните одлуки на граѓаните, под законска присила.

Иако законот не беше донесен и не се проведе, одредени градоначалници во селски средини доделуваа парична поддршка (некаде од 500 до 1000 евра)  за постари ергените, кога ќе се оженеа. Се доделуваа извесни субвенции за мажење- женење, наместо да се урбаницира животот и да им се дадат подобро услови за социјален живот. Нешто што треба да е прироритет на сегашната и на секоја следна, пред се недискриминаторска власт.

(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ