недела, декември 22, 2024
домаЖивотЖивотна срединаДо 2050 година, 10 проценти од загрозените видови ќе исчезнат, а за...

До 2050 година, 10 проценти од загрозените видови ќе исчезнат, а за 100 години и луѓето

Експертите  за животна средина велат дека човештвото се доближува до судбината на Велигденските острови, каде се случиле исцрпување на ресурси и истребување на живиот свет

Проценето е дека околу 10% од сите животински и растителни видови ќе исчезнат до 2050 година, велат биолозите од универзитетот Лидс во Велика Британија. Повеќе од еден милион видови ќе исчезнат. Можеме да се збогуваме со некои видови желки, носорози, слонови и скоро сите големи предатори, тврдат тие. Ова има врска со глобалното затоплување, при што таквото истребување доведува до нови бранови на затоплување и што влијаат на опстанокот на човечкиот вид.

Уништувањето на шумите, инфраструктурните проекти, прекумерниот риболов, трговското земјоделство и широко распространетата употреба на фосилни горива се меѓу главните причини за значително забрзување на стапките на истребување, што сега е дури 1000 пати побрзо од сите вакви појави во последните 65 милиони години.

Само прекумерниот риболов може да го уништи трговскиот риболов до 2050 година, бидејќи морското опкружување веќе нема да може да се врати. Никој не знае како тоа ќе влијае на светските екосистеми или врз човечката популација.

Три милијарди луѓе денес зависат од рибите како дел од нивната диета, така што прекумерниот риболов се заканува за опстанок на човештвото, предупредуваат експертите.

Социологот на Јеил, Џустинасин Фарел, вели дека корпорациите користат големо богатство за да ја прикријат несигурноста поврзана со климата во јавноста, поради што експлоатацијата на земјата само расте , што според авторите на книгата „Климатските промени, капитализмот и корпорациите“ може да доведе енормно исцрпување од неа.

Сепак, проблемот лежи не само во осиромашување на ресурсите, туку и во растот на прекумерна популација.

До средината на овој век, може да се случи експлозија на жители во градовите. Ова ќе резултира со пренатрупаност, поголемо ширење на заразни болести и поголемо оптоварување на водоснабдувањето и здравствениот систем. Beќе се трошат повеќе фосилни горива, што ќе го забрза глобалното затоплување и ќе има повеќе здравствени проблеми и смртни случаи заради загадување на воздухот.
Нивото на морето се зголемува за 25 проценти побрзо од предвиденото во 90-тите години, а повеќето луѓе во светот живеат крај морски брегови или покрај реките. Американската национална администрација за океани и атмосфера (НОАА) предупредува дека крајбрежните градови во САД ќе бидат цел на поплавување секој ден, при што нивото на морето расте стабилно.

Додека некои места се постојано под вода, други ќе останат суви, па затоа градовите што добиваат вода од снежното растопување, се очекува да имаат се помалку и помалку вода. Ова го вклучува целиот американски југозапад, особено Јужна Калифорнија, држава со најголемо население.

Додека околу 1,1 милијарди луѓе денес немаат пристап до вода, се очекува таа бројка  да се зголеми на 2 милијарди до 2050 година, а недостатокот на вода за наводнување на земјоделски култури ќе доведе до пад на производството и снабдувањето со храна. Сите овие проценки го натераа професорот Френк Фенер од австралискиот национален универзитет да заклучи дека човештвото ќе изумре за еден век. Како пример за тоа што ќе се случи објаснува како дошло до изумирање на животот на Велигденските острови, правејќи ја цивилизацијата неодржлива. Имено, според него ненадејното зголемување на населението ги потрошило ресурсите на островот, што ја направило цивилизацијата неодржлива. Фенер посочува дека ќе има уште многу војни во иднина околу храната и водата.

И биологот Џаред  Дијамонд ја спореди денешната глобална ситуација со Велигденските острови, а има сè повеќе научници кои ја гледаат таа врска. Голем дел од нив решението го гледаат во промена на начинпт на управување со ссветското богатство, осносно во тоа фондовите кои денес држат големи удели во сопственост на државите и корпорациите што произведуваат храна, да им се препуштат на управување на задругите на одреден простор, бидејќи луѓето кои живеат на одредена територија ќе водат повеќе грижа за жиvотната средина и одржливиот развој.

Покрај тоа, сите ќе мораме да го менуваме начинот на кој живеемe и да водиме повеќе грижа за рециклирањето, да јадеме помалку месо и да користиме повеќе обновливи извори на енергија. Меѓу останатото, во време кога речиси 800 милиони луѓе ширум светот немаат сигурен оброк, треба да се реши и проблемот со фрлање на вишокот храна.

Подготви: Н. Доковска

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ