понеделник, декември 23, 2024
домаЖивотДобротворен настан во Домот "11 Октомври"

Добротворен настан во Домот “11 Октомври”

Македонско здружение за култура, обичаи и традиции ,,Гороцвет”, Домот за деца без родителска грижа ,,11 Октомври” од Скопје, Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри ( ЗМСТА ) и ИНФЕ Македонија, во знак на сеќавање и незаборав на 26 јули и жртвите од катастрофалниот земјотрес, овој четврток организираат добротворен настан. Имено, од 11 до 13 часот во Домот, уметникот и хуманист Живко Поповски Цветин ќе одржи ликовна работилница за децата. Во рамките на поетската програма поетесата Анита Бошковска ќе ја изведе својата пригодна песна за поетесата Даница Ручигај, која животот го загубила во катастрофалниот земјотрес на 26 јули 1963 во Скопје. Ќе настапат и актерката Аница Бебиќ и новинарката Валентина Ѓоргиевска Парго. Целта на добротворниот настан е заедно со децата да се испрати порака за мир, хуманост и солидарност. Со уметничкото украсување и ликовната работилница која ќе се одржи во дворот на Домот и со поезијата да се испрати порака “да го разубавиме Скопје, секој во својот двор” , и да се стави акцент на екологијата. Пораката “да си помагаме” ќе ја испратат медицинските сестри, и ќе потсетат дека Сестринството одиграла значајна улога во лекувањето на луѓето погодени од земјотресот. Настанот е од отворен карактер.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ