сабота, декември 21, 2024
домаКујнаДоделени наградите на фестивалот „Гола месечина 2018“

Доделени наградите на фестивалот „Гола месечина 2018“

Петтото издание на Интернационалниот фестивал на комедијата  „Гола месечина“ се затвори синоќа со претставата „Тоби“ во продукција на Театар за деца и младинци – Скопје, настап на стендап комичарот Марјан Ѓорѓиевски и доделување на наградите.

За наградите на 5. Интернационален фестивал на комедијата  „Гола месечина“ 2018, што се одржа од 18 до 24 јуни, одлучуваше меѓународното жири во состав Иван Лео Лемо (претседател на жирито), Магдалена Ризова Черних (член) и Љупчо Петрушевски (член), по проследувањето на шесте претстави (три од Македонија и три од регионот.

Наградата Гран при за најдобра претстава беше доделена на „Једваносимсобоакаломистобо“ на „Сараевскиот воен театар – САРТР“, Босна и Херцеговина. Наградата за најдобра режија беше доделена на Алеш Курт за претставата „Једваносимсобоакаломистобо“ на „Сараевскиот воен театар – САРТР“, Босна и Херцеговина.

Наградата за најдобра машка улога ја доби Фаик Mефаилоски за ликот на Ерџан во претставата „Синиот портокал“ на „Театар Џинот “ од Велес, Р. Македонија, а за најдобра женска улога  Сања Крстовиќ за ликот на Живка (Г-ѓа. Министерка) во претставата „Госпоѓа Министерка“ на Народниот театар од Ниш, Р.Србија.

Награда за најдобра епизодна улога беше доделена на  Анета Томашевиќ за улогатаГоспоѓа Потер во претставата „Kидај из моје кухиње” на Шабачкиот Театар. Награда за костимографија доби Елена Дончева за претставата „Дванаесетта ноќ (спроти Водици)“  на  Н.Т. „Антон Панов“ – Струмица.

Награда за млад актер им беше доделена на актерите Ефтим Трајчев Ѓаурски од Н.Т. Штип, за улогата во претставата „Умри машки“ и на Давор Сабо од „Сараевскиот воен театар – САРТР“ за улогите во претставата „Једваносимсобоакалимистобо“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ