вторник, декември 3, 2024
домаКујнаДомашниoт чипс од јаболка е здрава закуска и лесно се прави

Домашниoт чипс од јаболка е здрава закуска и лесно се прави

Заменете ги солените и слатки нездрави закуски со домашен чипс од јаболка, кој е здрав и лесен за правење, евтин и многу вкусен.

Јаболковите чипсови попрскани со цимет не само што се здрава закуска, туку се и многу евтини. Меѓу другото ќе ви заштедат и пари што ќе ги дадете за сите оние вреќички што шушкаат, во чија содржина нема многу што е здраво. Домашниот чипс од јаболка може да се служи како закуска помеѓу оброците или како закуска на работа.

Подготовка за еден послужавник
За чипс, изберете повеќе кисели јаболка. За еден послужавник, потребни ви се две или три јаболка, во зависност од големината. Измијте ги убаво и исечете ги на што е можно потенки прстени. Ако имате машина за режење, користете ја и олеснете ја работата. Можете да ја исчистите средината со семето, или можете да ја оставите. Пред сецкање, истурете ладна вода во сад и додадете лажичка сок од лимон или половина лажичка сол. Потопете го секое парче јаболко во вода за да спречите потемнување на јаболката. Кога ќе исечете доволно прстени за еден плех, извадете ги јаболката од водата и ставете ги на чиста кујнска крпа да се исушат. Поставете на плехот хартија за печење. Наредете ги јаболката, зачинете ги со цимет (или друг зачин) и посипете ги со малку шеќер (по избор ако јаболката се слатки).

Следете додека печете
Ако имате поголема рерна за две или повеќе тави, искористете го тоа. Загрејте ја рерната на 100 ° C и печете ги јаболката околу еден час. Потоа извадете ги и свртете ги – со шпатула или едно по едно. Вратете ги во рерна уште еден час, но следете ги постојано за да не изгорат. Можете да ги покриете со хартија или фолија. Кога ќе помине тој втор час, исклучете ја рерната и оставете ги јаболката во неа да се оладат. Најдобро е да ги сервирате кога се целосно оладени, затоа што тогаш се најкрцкави. Пријатно!

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ