Поради крвавиот напад во Њујорк Доналд Трамп побара итно запирање на лотаријата за зелена карта. Според информациите што ги пренесоа американските медиуми, преку оваа лотарија во 2000-та година во САД пристигнал узбекистански имигрант Саифуло Саипов. Тој вчера прегази 8 лица и рани уште 12 на велосипедската патека во Менхетен, а ова е најлош напад во градот од 11 септември 2001 година.
Претседателот Трамп побара од конгресот веднаш да ја запре програмата за имиграциска виза на основа на лотарија и на тој начин да спречи во земјата да влегуваат сите кои ќе бидат извлечени без притоа да се има информации за нивното минато.
“Лотарија – звучи добро, но не е добро. Сакам веднаш да почнеме да работиме со конгресот на нејзино укинување. Сакаме програма по која луѓето да доаѓаат заради нивните способности, а не по случаен избор”, објави американскиот претседател.