Лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје е единствената национална референтна и СЗО акредитирана лабораторија за детекција на респираторни вируси, вклучително и новиот САРС-КоВ-2. Во лабораториите на Институтот за јавно здравје на РСМ досега се направени 258 тестови за КОВИД 19 и бројките на позитивните и секако и на негативните се трансверираат до Владата на РСМ. Реагенси има и ќе има за тоа нема потреба од загриженост кај граѓаните, соопшти денеска на прес-коференција директорот на ИЈЗ Шабан Мемети.
ИЈЗ изготвуви информативен едукативен материјал-пропагандни флаери, постери и флаери за патници од меѓународен сообраќај како Аеродром и Табановце) кои се подготвени на три јазика- македонски, албански и англиски. Учествуваме во комисијата на заразни болести каде се донесуваат клучни факти, препораки, упатства и наредби, додаде тој.
-Со цел едукација и информирање на населението испечатени се 15.000 флаери, 200 постери и 200 постери за правилно миење на раци кои беа дистрибуирани во Клинички центар, здравствените домови и центрите за јавно здравје. Епидемиолошка служба направи едукативни предавања во сите центри на јавно здравје и болници низ државата со цел запознавање со корона вирус – рече Мемети.
Според него епидемиолозите на ИЈЗ се достапни 24 часа на телефонските линии објавени и достапни до сите граѓани, а се изготвени и упаства за постапки како да се постапи со заразени лица и лица сомнителни на корона (алгоритми) и алгоритми за постапки наменети за лица кои доаѓаат од странство т.е како да постапат со корона вирус.
До затворање на Аеродромот во изминатите 2 месеца екипи на Институтот и на Центарот за јавно здравје Скопје обезбедуваа помош на аеродромот во Скопје поврзан со контрола на патници кои доаѓат преку летови од држави нотирани како високоризични од СЗО (Кина, Италија и др), а дежурства беа спроведени во три смени од 06:00 до 24:00ч, посочи Мемети. Тој објасни дека лицата од Институтот од епидемиологија земале брисеви од нос и грло на патници од меѓународен сообраќај кои доаѓаат од високо ризични земји, и брисевите ги носеле во лабораторија на вирусологија.
ИЈЗ во соработка со ДСЗИ и МЗ активно соработувале во изготвување на алгоритми и документи поврзани со работа на институциите (Банки, пошти, наплатни центри, ЕВН, А1, Телеком) за давање насоки поврзани со дистрибуција на готовина, хартии од вредност, фактури, платени сметки).
ОД ИЈЗ е изготвен документ за постапки со цел дистрибуција на хранливи артикли и други материјални добра од места кои се ставени во изолација и постојан епидемиолошки надзор, како и документ за постапки во производство, погони и фабрики.
Таков документ има и за места каде работат лица на ИЈЗ за постапки при работниот процес поврзани со дистанцирање меѓу вработените, носење на заштитна опрема и постапка при евентуални позитивни случаеви.
Се изготвува Дата база т.е софтверско решение со посебна датотека на сите позитивни случаеви во државата, со сите географски, демографски, лабораториски контакти меѓу позитивни лица и место на нивниот третман со кој ќе се направи увид во моментална состојба.
Епидемиологот на ИЈЗ во моментот е претседател на Комисија за заразни болести. А.Р.