Од нашиот специјален известувач од Женева: НАТАША ДОКОВСКА
Значителен број земји не ги почитуваат договорените одредби од Меѓународната Архуска конвенција за еколошка демократија. Додека постсоветските и земјите од Западен Балкан се борат со спроведувањето на законот, некои членки на ЕУ продолжуваат да ги слабеат претходно поставените стандарди. Оценката се базира на извештаи во сенка објавени од невладини организации по повод Седмиот состанок на страните во Архуската Конвенција.
Пристап до информации за прашања поврзани со животната средина, учество на јавноста во донесување одлуки и пристап до независно судство се права што ги ветија владите на земјите-членки на ЕУ, заедно со земјите кандидати и постсоветските држави да ги заштитат. Сепак, просторот за граѓанското општество продолжува да се намалува во многу земји. Според извештаите од невладините организации, граѓаните не можат да ја добијат правдата, се вели во заклучокот од тркалезната маса што се одржа во пресрет на одбележување на 20 годишнината од Архуската Конвенција, во ОН во Женева.
„Во постсоветските земји и Западен Балкан, правата на многу граѓани остануваат само на хартија. Законите честопати се прогресивни, но во реалноста, државните органи кријат информации и податоци, ја обесхрабруваат јавноста да учествува во донесувањето одлуки, а правдата е неспроведлива. Правната заштита во ЕУ е многу посилна, но во некои земји, можеме да забележиме големи намалувања на правата на граѓаните во законодавните процедури “, објаснува Мартин Скалски, експерт за учество на јавноста од Арника, невладина организација со седиште во Прага.
Дека ситуацијата се влошува, потврдува дека 16 од 47 држави не ги објавиле своите извештаи за усогласеност со одредбите на Архуската конвенција за последниот период (2018-2021). Некои од извештаите ја проценуваат ситуацијата само формално и ги прикриваат постојните прашања. Претстојниот состанок на страните треба да ги одобри извештаите за прекршување на правилата од 13 земји и Европската унија, изработени од Комитетот за усогласеност и да им наложи на државите да ги преземат неопходните мерки.
Извештаите од сенка покажуваат дека реалноста честопати е шокантно различна од она што е технички напишано во законите. Невладините организации имаат големо искуство во решавање на одредени случаи и се во контакт со локалните заедници, така што нивната евалуација ги отсликува прашањата со кои се соочуваат обичните граѓани. Тие бараат владите да го исполнат ветувањето и да обезбедат демократски простор за граѓаните во донесувањето одлуки во врска со прашањата поврзани со животната средина.
„Многугодишното искуство покажува дека контролните механизми се премногу слаби и систематски се заобиколуваат од голем број држави. Конвенцијата во Архус треба да разгледа како да се спроведе усогласеност со правилата или како ефикасно да се интервенира против оние земји кои долгорочно ги игнорираат правилата и ги кршат еколошките права “, сугерира Мартин Скалски.
Наташа Доковска од Новинари за човекови права, која беше и еден од презентерите на оваа тркалезна маса, за учеството на јавноста во подготовката на на шестиот национален извештај, вели: „Спроведувањето на Архуската конвенција не се следи систематски. Јавноста и релевантните граѓански организации за заштита на животната средина не беа доволно консултирани во подготовката на владиниот извештај. Потребна ни е проценка со конкретни, релевантни, намерни и мотивирачки заклучоци што ќе бидат движечка сила за подобрување на ситуацијата.„
Марина Дубина, од неодамна ликвидираната невладина организација Ecohome, од Белорусија, за кој проблем се дебатира цело претпладне во Женева, вели:
„Белорусија продолжува со систематско непочитување на обврските од Архуската конвенција. Бранителите на животната средина и невладините организации се жестоко прогонувани и нивната состојба значително се влошува. Сите чекори преземени од Министерството за природни ресурси и Центарот Архус во изминатите години за промена на законодавството и практиката, нема да имаат никаква смисла додека не престане прогонот и не се вратат правата на неговите жртви “.
Во продолжение на петдневната конференција ќе биде и воспоставување на механизам за заштита на бранителите на животната средина.