недела, септември 8, 2024
домаКујнаДва дена „Статуафест – Другото лице на улицата“ во центарот на Скопје

Два дена „Статуафест – Другото лице на улицата“ во центарот на Скопје

Денеска и утре на плоштад Македонија од 18 часот се одржува „Статуафест – Другото лице на улицата“. Фестивалот и оваа како и секоја претходна година ќе испрати глобална порака.

„Оваа година, се разбира, неизбежно беше да ја одбереме актуелната тема која глобално оваа 2020та го “парализираше” светот – коронавирусот, вели организаторот „Театроск“  додавајќи дека конкретниот постулат на фестивалот е „Скопје во време на корона“.

-Целта на овогодинешниот фестивал е преку уличните живи статуи да прераскажеме во вкочанета слика, каков беше, а и се’ уште е животот од месец март па наваму и што точно му се случува на нашиот град, се разбира држава, па и светот воопшто.
Поставката на фестивалот во кој сите артисти ќе бидат идентични по однос на боја (што преносно, односно симболично означува душа – Tabula Rasa: сите сме исти под сонцето) да испратиме гласна порака преку молчаливата уметност каков не сакаме да биде периодот кој следува, односно она што здравствените работници го нарекуваат втор бран. Ова да заврши! Никогаш веќе да не ни се повтори! – порачуваат од „Статуафест“.

И годинава фестивалот е поддржан од Град Скопје, а тука се и бројните соработници кои ќе придонесат за успешно издание на „Статуафест“.

Сите протоколи за заштита од Ковид-19 ќе бидат во целост запазени според мерките на СЗО и нашето Министерство за здравство, порачуваат организаторите. А.Н.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ