сабота, ноември 16, 2024
домаЖивотЗдравјеДвајца починати, 49 нови случаи на коронавирус, вкупно заразени 760 лица

Двајца починати, 49 нови случаи на коронавирус, вкупно заразени 760 лица

Во изминатите 24 часа двајца пациенти од Куманово и Прилеп починаа од коронавирус, а регистрирани се 49 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 13, Куманово – 14, Штип – 6, Прилеп – 8, Велес – 6, Гостивар – 1, Кочани – 1, соопшти министерството за здравство.

Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 760 лица. Во изминатото деноноќие направени се 586 теста, а досега во земјата се направени 7.653 тестирања на Ковид-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести се примени 3 пациенти, а во моментов се хоспитализирани вкупно 68, од кои 15 се на кислородна поддршка и 8 на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ се примени 8 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 28 потврдени и сомнителни на коронавирус. Од нив, 9 се со потешка клиничка слика, а 6 пациенти се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани вкупно 5 пациенти, еден пациент повремено на кислородна поддршка, а другите стабилни. На домашно лекување преку оваа болница се следат 7 пациенти кои се во добра општа состојба.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 13 пациенти потврдени и сомнителни на коронавирус, а уште 13 се следат на домашно лекување. Освен една пациентка кај која има влошување на состојбата, сите останати пациенти се стабилни. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ