сабота, јануари 11, 2025
домаКолумниЕднаш неделно: АПОТЕКАР!

Еднаш неделно: АПОТЕКАР!

Ако докторите/медицинските лица, го држат светот на своите дланки, не само сега, секогаш воопшто, во денешнава ситуација апотекарите се дури и над нив. Од мое искуство, тие многу повеќе се грижат за пациентите кои кај нив купуваат лекови, и всушност не им продаваат само, нивните совети злато вредат. Сте забележале ли колку знаат да дадат совет и секогаш да бараат алтернативен лек, ако не може нешто на рецепта, за да го услужат  клиентот? Тие не се само продавачи на лек, тие се и подарувачи на совети. И тоа срдечни.
Докторите, според мене ја имаат најважната улога, после родителите кои ти даруваат живот, да те лекуваат и држат во добро здравје и ако јас се прашувам истите треба да имаат и посебен кодекс на однесување 24/7 и да бидат недопирливи за луѓето. Освен за еснафот. Но, за жал, иако ја имаат најпрестижната и највисока професија по важност, дури и над премиери и претседатели, во трката за некој лажен уште поголем општествен престиж тие се приклучуваат кон партии и тука во мои очи губат голем дел од мојата доверба.
Апотекароте, тие не трчаат никаде. Смирени се и удобно им е во нивниот статус/сталеж.
Јас секогаш купувам во иста аптека, најмногу поради мојот родител кој сака на тој начин и ние да им искажеме  лојалност, бидејќи многу пати  не услужиле како што реков, и со совет и со лек, и со почекување на рецепта и со љуезен однос. Им верувам. Нема потреба, а и не се осмелиле нешто да ме излажат.
Денес, откако добив неколку пораки од пријатели и братучеди дека боледуваат од корона влегов во аптеката и ги прашав дали мерат температура
–Не, зошто, ме прашаа тие.
Па затоа што да видам да не сум со вирус.
-А што ќе видиш, кој не е, ми одговори аптекарот.
-Значи вистина е, заклучив јас.
-За жал да. Некни дојде една пациентка која беше најредовна со земање на своите лекарства. Дојде со ќерка и таа ја чекаше во автомобил. Зеде препишан сумамед. Имала малку кашлица и малку покачена температура. Од следното утро за жал повеќе не е со нас, рече апотекаров.
-Па што да правиме?
-Единствено да носиме дисциплинирано макси и дистанца и вирусот набрзо ќе го победиме ми одговори.
Ова досега откако почна пандемијата беше совет што најмногу ми влезе под кожа.
Веднаш потоа во локалниот автобус младите се туркаа, се поздравуваа се бацуваa како ништо да нема. Тоа е резултат на тоа  што и нивните родители не се упорни во објаснувањето и им велат дека тие се млади ништо не им е. Но, и  да не прележат и да не оболат, зошто некому да  пренесат и да му го оштетат здравјето ? А многу често и невидливо прележани обични настинки  или  вируси знаат да бидат фатални и во постари години. Многу често и од обичен грип или настинка, не дај боже понатаму може да се  јави стерилитет. И зошто да дојде до сето тоа, кога и самиот Апотекар ме подучи дисциплинирано носење на маска, дистанца и се ќе биде во ред!
Зошто свесно да влегуваме во ризик, свој или кон некој невин човек?
ПАРГО
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ