Знам ќе речете “Што зборуваш, зар?”, ако ви кажам дека фолкерката Анета Наковска врз мене оставила две силни импресии, но овој пат тоа не е тоа нејзиниот атрактивен и провокативен трендовски имиџ, а ни темпераметот по кој ја препознаваат.
Јас кај неа ставам силен акцент на нејзината изведба на француски шансони, кои знае да ги запее многу шармантно во свое друштво, а уште повеќе многу повеќе од тоа, најсилен магнет за мене е нејзиниот авторски албум кој на виделија ја изнесе нејзината даровитост како авторка, не само како пејачка.
Тоа беше албумот “Ти требам ” кој го направи во почетокот на 2000-тите, а во 2005-та го објави за “Мистер Копмани” а потоа правеше голема промоција на која се радуваше на присуството на многу драги луѓе од нејзината фела, новинари водители и пријатели…
-Особена радост ми направи појавувањето на мојата најсакана и многу почитувана професорка по соло пеење Милка Ефтимова, бликаше од радост и возбуда тогаш Анета.
Насловната на албумот и буклетот го илустрираа нејзини провокативни фотографии, со бела кошула и мокра коса, фотографирани од фолкерот Благоја Грујовски.
Однадвор с*кси Анета, одвнатре ранета и силна, вљубена жена. “За Македонија”, “Ти треба”, “Мачо мен”, “Хит”, “Ти ми требаш за да живеам”, “Ѓаволица”,”Бели Друмови”, “Добро ми дојдовте”, “Било поминало”, “Како се викаш”, “Денес тој рече Да”,
“Во тага сум облечена “Бели друмови” , “Ти требам”, “Мачо мен”,” Жена фатална” кои беа потпишани од неа како авторка на текстовите и музиката, зрачеа со некој чуден женски жар, беа како цела приказна сврзана во едно, како фолк мјузикл за целокупните доживувања на една жена. Жена која сака како да му се обраќа на човек кој и дал и и зел се, но толку искрено, што се доживуваш и како да си ти таа, а човекот е оној по кого сонуваш или копнееш, скршена од болка и охрабрена од надеж…
Не верувам дека постои фолк вљубеничка која не би го преслушала неколку пати, не би заплакала, не би се качила на маса со чаша во рака, не би оставила “се да се пусти”, не би заиграла. Мелодии во етно и ворлд манир, со многу ритам, кој меѓудругото предизвикува на веселба и танцување.
-Тоа е мојот единствен албум на кој јас се јавувам како комплетен автор на музика со тогашен трендовски модерен призвук…Убаво се сеќавам на еден момент кога во студио “Подрумот” каде со снимав со аранжерот и мој почитуван Ангел Ќосев, беше дојден текстописецот Борче Нечовски и кога ги слушна песните пријатно изненаден рече дека сум отишла премногу напред, едно сто години напред…се потсетува авторката.
Анета е позната како пејачка (од многу фестивали, од соработки и наградувани дуети си Војо Сројаноски, со Благоја Грујовски, Тони екс “Биоритам”, Новица, Зоран Џорлев, Григор Копров,Борче Нечовски), но е и голем индивидуалец, жена од момент, го први тоа што во моментот го чувствува.
-Не знам некако во тој период ми беше најсилен креаторскиот набој, имав премногу силна инспирација во себе, а за песните користев повеќето свои емоции од преживеани емотивни бури во животот, но исто така користев и туѓи животни приказни како инспирација за текстовите…Албумот го знаат како “Бели друмови” баш како песната која до ден денес со задоволство се слуша и се бара. Постојат многумина што отсекогаш ја сакале токму оваа песна, но никогаш немаа разбрано кој ја пее, вели Анета и додава дека и понатаму никогаш не престана да пишува, има скоро триесетина песни со нејзини текстови.
Авторката открива дека нејзина мана е што:… за мојава работа, најсреќна и најисполнета сум додека творам, пишувам и креирам убава песна, а потоа за да ја промовирам по телевизии и емисии, е отсекогаш бев тешка јас за тоа, што реално беше моја голема грешка…
И покрај тоа, не се кае за својата мрз3ливост во промоциите на песните, но како и секоја друга жена која твори, убедена е дека не треба да седне на авторското столче и додека не почувствува вистинска инспирација, додека не се испреплетат нејзините чувства и доживувања со нечии други и не ја натераат да го фати пенкалото во рака.
Има и други фолк пејачки кои се обиделе како авторки, да не ја заборавиме екстраталентираната Елена Геогиева, но сепак не е тоа доволно. Нешто недостасува. Недостасува што малку се застапени како авторки, доколку има инспирација во нив, а женско чувство најдобро може да опише само жена. Затоа што, во песните напишани од мажи вие неа ќе ја пронајдете во улога на заводлива, фигура која провоцира, во песните напишани од жена вие неа ќе ја најдете исклучиво како емотивна личност, со болка, патење, гордост, стрпливост, и Љубов над се.
Јас се чувствувам топло кога знам дека некоја женска песна ја напишала жена и се чувствувам вештачки и нецелосно кога слушам женска песна што ја напишал маж. Мора да се мотивираат повеќе жени да се осмелат на авторство. За почеток предлагам медиумите малку повеќе да обрнат внимание на албумот познат како ” Бели друмови”, да заживее откако неправедно е подзаборавен, а потоа? Потоа и пејачките кои имаат афинитети кон творење, смело да го направат тоа. Важи и за Анета, можеби уште уште што многу да ни каже, односно да искомпонира и да запее.
ПАРГО
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.