Еднаш неделно: СРЕЌЕН!

0
232
Среќно ученици! Денес е вашиот прв училишен ден од оваа чудна, но прилично искуствена година. Запамете, најважно е да научите и да бидете мирни за ваша поголема заштита, поважно од најважното е – да бидете среќни!!!
“Кога имав 5 години, мајка ми секогаш ми велеше дека среќата е клучот за животот. Кога отидов на училиште, тие ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Запишав “​​среќен”. Тие ми рекоа дека јас не сум ја разбрал задачата, јас им реков дека тие не го разбрале животот“, запишал во своите сеќавања ненадминатиот музичар Џон Ленон.
Вие прекрасни ученици, вие сите наши златни деца, наши златни внуци, златни деца на наши роднини, на наши пријатели, на нивни роднини и пријатели и роднини и пријатели, и така во недоглед. Вие сте совршени! Секое на свој начин. И светот од ден на ден се повеќе ви припаѓа, и се повеќе и посигурно го предаваме во вашите раце.
А сега првата задача: замислете кога возрасните нема да ве оценуваат со оценки, нема да ви наметнуваат правила, нема да ве караат и прекоруваат, нема да ве фалат, натпреваруваат, нема да ве подготвуваат да станете нечиј “лидер”, нема да ви стојат над глава за се, туку вашите најблиски и вашите учителки и учители само ќе ве подучуваат и благо насочуваат, дали вие наши деца, совршени деца, подобро и повеќе би ги научиле сите лекции кои треба да се научат, ако не денес, понатаму кога ќе ви притребаат, дали вие златни деца тогаш би имале повеќе другарчиња, повеќе насмевки на вашите често и загрижени детски лица и дали вие уште од сега би биле тој човек што еден ден треба да стане се повеќе “среќен”?
Парго