петок, јануари 10, 2025
домаЕднаш неделно: ТАЖНО ИНТЕРВЈУ! 

Еднаш неделно: ТАЖНО ИНТЕРВЈУ! 

Интервјуто кое денес ми предизвика внимание и го исчитав од почеток до крај, а се најде во мојот инбокс пратено со весели смајлиња, е на водителка, но не е на како што вие можеби си помисливте сега, на некоја шокантна и атрактивна модна инфлуенсерка (иако не знам што точно тоа значи), ниту на некоја тв џетсетерка (ако уште постои и оваа таканаречена категорија) туку е на лице кое ни соопштува дека се враќа на екранот.
Јас искрено и сосема бев заборавила дека била и Тв лице, но си знам, јас за тоа не сум никаков репер, одамна било, не сум следела и сум заборавила, а се потсетив сега. Се потсетив дека имало желба да се биде на екранот, секој со своите мисли и убедувања.
Интервјуто ме штрецна од првите траорни збори кои гласеа “Нема ништо потажно од жена која го изгубила плодот” (не знам дали точно парафразирам, по сеќавање е, страв ми е да го прочитам по втор пат) .
Навистина е морбидно со сврдел во душа да ги пецнеш жените кои го имале тоа чувство и искуства, а притоа било волја на некоја виша сила и ние не сме моќни ништо да сториме со таа загуба и немаме право да ја спомнеме чисто онака, кога ни е волја. И од каде ова сега се најде за спомнување? Со која цел?
Тагата продолжи и натаму кога јас сфатив дека ова општество нема многу милост кон жените. Како и во овој дотичен случај. Водителката “во подвраќање” замисли нема слободен миг. Таа да ти била водителка во Радио и замислете и директор на маркетинг на државна фирма, до неодамна и уредник на магазин, е сега уште ова и фалеше. Плус, таа жена  семејна и горда мајка на две деца, со куп обврски.
Па добро бе мајки, што испраќате образовани деца на работа во странство по сендвичари и бродови, не може некое од нив да ја одмени на една од трите работи? Нели малку чувствувате грижа на совест? Зошто една жена сево ова да го поминува, зар не треба една работа за еден човек, како што гласи една максима “за целиот нормален свет”?
Да, читав и сфатив дека ова е впрочем тажно интервју. И дека овде е не двојно ами тројно  експлоатирана оваа жена.  Таа не може да има свој живот од работа, по се ова што го дознав.
И државата не помага да се сузбие ваква експлоатација. Безнадежно е. Овде ко да веќе БОГ треба да влезе со своите специјални единици ако сакаме да се смени.
Јас на пример не сум од ние што брцаат во туѓ џеб, но секогаш си поставувам прашање во одредени ситуации, ако некаде недостасуваат пари ајде да помогнеме. Да донираме, на која линија? Има овој народ уште срце да помогне, секаде каде што треба.
Мислев, мислев, мозгав, како да се помогне, на крај дојдов до Балтазар идеја? А, да му се јавам јас на претседателот на новинари на Република Северна Македонија, да го прашам каква е оваа експлоатација на едно медиумско лице, растргната водителка (ако и водителките од студио се регистрирани како новинарки, рамноправно со оние кои и на студ и на жега одат на терен,  за пуст минималец или трошка хонорар) , и да си го прашам?  Доста ми стои во грлото парче како круша горница од  ова што го прочитав . 
Да, знам дека подруго е чувството кога тоа би го направила очи во очи, но пандемија е и прашањето се одложува за некоја  посреќна средба, а и онака моите очи кои сега тој веќе си ги замислува се доволно импресивни, онака цели ожарени и со оган, особено кога поставувам прашања врзани за тажни интервјуа, за правда на жените во мака. Ќе се јавам, и да знаете. 
ПАРГО
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на TEXT.MK. Редакцијата на TEXT.MK се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ