сабота, јули 27, 2024
домаКујна„Едно Сонце за сите деца“ во Чифте амам

„Едно Сонце за сите деца“ во Чифте амам

Националната галерија на Македонија во соработка со Бугарската амбасада во Република Македонија и Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам – „Во мојот свет“ ќе организираат креативни ликовни работилници на дечиња со аутистичен спектар на нарушување и дечиња од редовната настава.

Креативните работилници ќе бидат организирани во објектот Чифте амам на 18-ти ноември (сабота) од 11-13 часот. Децата ќе работат со различни сликарски материјали, а ќе има вклучено и музико терапија. Целата манифестација ќе биде под мотото „Едно Сонце за сите деца“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ