сабота, јануари 11, 2025
домаНасловнаЕКСКЛУЗИВНО СО ЏЕЗ УМЕТНИКОТ САШО ПОПОВСКИ:  Мојата музика е мојот внатрешен глас...

ЕКСКЛУЗИВНО СО ЏЕЗ УМЕТНИКОТ САШО ПОПОВСКИ:  Мојата музика е мојот внатрешен глас интерпретиран на гитара!

Разговараше Валентина Ѓоргиевска Парго

„Џез фактори фестивал“ во Битола. Три дена џезирање. Чудното лето 2020 го донесе и овој убав елегантен настан, врзан за Битола, а кога и да се спомене името на овој град, асоцијација е култура, градската култура. Забележав дека битолчани се израдуваа, така ли е? 

-Публиката која го проследи овогодинешното издание на „Џез Фабрика Фестивал“  како со физичко присуство така и преку лајвстрим не почести со позитивни коментари , пофалби и што е најбитно уживаше во пет концерти на македонски и регионални, балкански џез уметници кои настапија. Во време на на КОВИД глобална пандемија успеавме да се прилагодиме и да ги испочитуваме сите препораки од Влада на Р.С.Македонија и да го организираме фестивалот во најдобро светло. Оваа глобална пандемија не натера да го измениме првобитниот концепт и да воведеме и нови настани промоции, цеде АЈС квартет Албанија и книгата Press & Play од Ненад Георгиевски, но и да воведеме награда „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар како и промоција на отворена – летна сцена на НУ Народен Театар Битола, кој долги години е партнер на фестивалот. „Џез Фабрика Фестивал“ се реализира со поддршка на Министерството за култура на Р.С.Македонија, НУ Народен Театар Битола, Општина Битола и Винарија Стоби.

Дека се оствари целосно сонот не верувам дека може да се праша, бидејќи сепак вашиот фестивал годинава се изроди во ограничени услови, но дека се оствари еден убав Ваш сон, повеќе од сигурно. Успеавте ли да реализирате се она што беше замислено, во возможната рамка? Што се имавте на музичкиот тапет?

-Фестивалот го имаше своето трето издание, но како проект е започнат во 2011 преку делот „Џез Фабрика“ – мултимедијален проект кој се фокусира кон презентација на џез музиката кај различните возрасни групи. Започнавме со најмладите деца на возраст до 14 години, потоа низ овие веќе девет години неформално едуциравме и повозрасни лица и младинци. Преку овој проект кој во фокус го има Пелагонискиот регион до денес имаме организирано 18 работилници во  Битола, Демир Хисар, Ресен, Могила и на други места. Програмата претрпе измени, не бевме во можност да го реализираме концертот на XY Quartet од Италија поради пандемијата со КОВИД но тој концерт е поместен за изданието во 2021 година. Нашата главна идеја за формирање на фестивалот е промоција на македонските џез уметници, нивните изданија и соработки со интернационални артисти, па така дадовме можност повеќе домашни артисти да настапат и да ги промовираат сопствените изданија. Антоние АВП Проект (Р.С.Македонија), Брама Амити Трио (Р.С.Македонија), Арменд Џафери Трио (Р.Косово – Р.С.Македонија, АЈС Квартет (Р.Албанија), Ирена Благојевич Квартет (Р.Србија) – лајвстрим. Градот Битола и регионот живееа во духот на џез и импровизираната музика од 28 – 30 август, но ние за ова издание во соработка со НУ Народен Театар Битола , Француската Алијанса Битола и Францускиот Институт Скопје на 20 октомври организираме уште еден џез концерт на Cuareim Quartet + Natascha RogersР.Франција со што го финализираме овогодинешното издание на „Џез Фабрика Фестивал“.

Што и да направи уметникот или организаторот тоа мора да е во синергична врска, во дослух со публиката. Интересот ги задоволи ли вашите очекувања? Мораше се да се изведе со пропишаната дистанца, но дали се осети јасно пулсот на пребирливата битолска публика?

-Публиката во Битола е префинета и очекувањата се секогаш големи. Среќен сум што артистите беа наградени со громогласни аплаузи а за фестивалот и неговата организација медиумите и критиката продолжија да пишуваат и ги сублимираат впечатоците. Дека фестивалот сериозно чекори кон европската сцена потврда стигна и од организацијата МОСТ – Будимпешта која нашиот фестивал го избра меѓу 10 најдобри фестивали на Балканот за импровизирана и светска музика и не поврза со фестивалот Musicastrada Италија , па така за 2021 година. Па така еден македонски џез бенд ќе настапи во Италија додека претствавник од Италија ќе настапи на сцената на ЏФФ.

Уште еден значаен момент му даде битолска обоеност, со востановувањето на награда со името на музичкиот маестро кој рано го напушти овој свет, трубачот Гоце Димитровски. Како дојдовте на таа добра идеја?

-Гоце Димитровски е еден од великаните на македонската џез музика, човек кој треба да биде препознаен и од повисоките општествено политички чинители и да му се даде должното признание за се што направи за македонската џез култура. Со воведувањето на оваа награда ние како организација сакаме да го дадеме нашиот скромен придонес во поттикнување на оваа идеја а со наградата да ги запознаеме и младите џез артисти со името и ликот на Димитровски.

Освен настап на сопствениот фестивал, и секако низа настапи во Македонија, Албанија, како млад музичари имате исклучителна прилика да сте дел и од годинешниот наш, а светски реномиран Скопје џез фестивал. Некако, мазно влеговте во, овојпат нареченото национално издание на фестивалот, на кој повеќето групи се домашни. Ве радува ли овојфакт, честа нешто значи?

-Минатата 2019 година со моето трио настапивме на неколку значајни европски фестивали како: 39то издание на ROCCELLA JAZZ FESTIVAL Италија, PETRO JAZZ FESTIVAL Сант Петерзбугр Русија, NISHVILE JAZZ FESTIVALR Србија, BUDAPEST JAZZ CLUB  Унгарија, TIRANA JAZZ FESTIVAL Албанија, PETROVAC JAZZ FESTIVAL Црна гора и во декември го финализиравме материјалот за мојот 5ти албум Fallen Land – SJF Records (Скопје Џез Фестивал), кој официјално го промовиравме на 1 Октомври оваа година во дигитална форма преку платформата bandcampлинк:

https://sjfrecords.bandcamp.com/releases

Голема е честа да се настапи на Скопје Џез Фестивал и да се биде вброен во светската елита на џез музичари кои настапиле на фестивалот. Како Македонци треба да сме горди на овој фестивал и максимално да го поддржуваме бидејќи надвор од нашата држава тој е препознат и максимално почитуван , член на моментално најбитната асоцијација за џез музика Europe Jazz Network. За мене како артист овој настап значи остварување на уште еден животен сон кој сум го имал уште на стартот на мојата кариера и за тоа сум бескрајно благодарен на луѓето од Скопје Џез Фестивал.

Во повеќе од час концерт и средба со скопскатапублика, што планирате да изведете?

-Настапот на Сашо Поповски Трио воедно ќе биде и промоција на музиката од албумот Fallen Land но ќе испониме и неколку нови композиции кои ќе се најдат на следниот наш албум.

Впрочем, како би си го дефинирале сопствениот џез, што изведувате, каква музика, каков правец? Ние ве запознаваме, па, имате ли јасна дефиниција за вашиот стил или се уште сте во потрага на својот музички идентитет?

-Можеби најтешкото прашање! (се смее) Тоа е музиката која природно го отсликува Сашо Поповски во овој момент, мојот карактер и сензибилитет. Знаете музиката е жива материја и се менува со секој изминат ден , животна случка, среќа – тага, па така најдобра дефиниција – ако ја има?? Би била внатрешниот глас на Сашо Поповски интерпретиран на инструментот гитара (на крај на интервјуто и коменатри на медиумите за материјалот).

Медиумите малку по малку ве откриваат, јас на пример сум љубопитна кој е вашиот обожаван џез маестро,  го слушате дури и да речеме подучувате од него?

-Џез музиката е непресушен извор на артисти и различни толкувања на импровизацијата, структурата или формата – ако ја има! Најголемо влијание во градењето на мојот стил има Орнет Колман и тој бран на авангардна музика од раните 1960 година . Секако дека и современите мајстори како Џон Аберкромби, Бил Фрисел или Рој Кембел Јуниор се артисти на чии албуми се навраќам и со задоволство ги слушам.  За време на моите студии имав голема среќеа да работам под менторство на проф. Милчо Левиев и проф. Симеон Штерев додека денес дебатите за џез музика ги водиме најчесто со почитуваниот колега проф. Тони Китановски.

Џезот во основа се и импровизации и од секоја добра, “благодарна” мелодиска линија во која има “штоф” ,може да се експериментира и да се создаде нешто џезерско. Па во тој контекст би сакала да прашам постои ли можност во иднина да слушнеме малку експериментирање со богатата битолската музичка антологија? Сепак тука ги имаме мелодиите испеани од Сашка Петковска, Јонче Христовски, Виолета Томовска, Славе Димитров, Олгица Христовска, Маргарита Христовска, Каролина Гочева, Сефедин Бајрамов, Билјана Дамјановска, Нечак… Сите тие имаат интересни остварувања во кои може да се пронајде и нешто како џез нијанси, но и да се даде таков нов облик. Зошто, сами најдобро можеме да си го анимираме она што ни е во раце, нашето. 

-Интересна идеја на која треба да се размислува и да и се даде шанса, но таквиот пристап за креирање џез музика би го оставил за некој друг прериод од мојот живот. Во моментот сум фокусиран кон создавање на моја оригинална музика и полека ги привршувам и последните композиции за нов албум. Уживам во секој момент кога создавам и се надевам дека овој плоден период ќе потрае…..

Триото, како формација, е доста застапена во светот на џезот. Како се случи Вашето трио, што имате снимено досега?

-Трио е формација која од самиот почеток на мојата кариера ја практикувам. Да се создава креативна музика во мал состав е предизвик во самиот старт но исто така е добра база за соработка со други уметници – инструменти. До денес имам снимено 5 албуми во кои база е формацијата Трио.

Дали имате доста познавања од домашната сцена? Зашто, тука сакам да го врзам моето прашање кој /што ви е репер, по која линија ќе се движите во иднина ?

-Мислам дека добро ја познавам македонската џез сцена бидејќи сум и дирекно инволвиран  во процесот на едукација на поголемиот број на млади џез музичари. Веке 12 години работам како професор на Музичката Академија при Универзитетот Гоце Делчев – Штип на одделот за џез музика и цела плејада на современи џез музичари го поминаа својот процес на џез едукација токму кај нас. За среќа во моментов кај нас се создава одлична креативна музика која допрва ке излегува на виделина и ќе си го пробива патот на македонската иеЕвропската џез сцена. Со формирањето на овој џез оддел при Музичката Академија во Штип – нашата држава има светла иднина на полето на џез и импровизирана музика.

*****

 

Еве дел од критиката која ги проследи концертите на моето трио и имаше можност да го слушне материјалот од албумот:

The music of Saso Popovski is music of pure lines, concluded structures and lush imagination. Rhythmically and also melodically, his music alludes to Oriental patterns, which makes it a bit mystical. But there is nothing hermetically in it, as some of these kind of music excursions to Orient can be… Popovski organizes his compositions around a beautifully derived, clear, appealing melodious line, which is unmistakably supported by a bass player with a velvet sound and a drummer with consistent, concentrated rhythmization. Popovski finely enhance the basic river-like melody, carefully meanders through its possible by-paths and streams, but never loses the basic thread. With its strong suggestiveness -thanks to the repetitiveness of certain motifs -Popovski’s music has dreamlike and cinematic effects. One another thing to be stressed is the coherence of members’ musicianship and the very sound of trio -which is smoothed and crystal clear, but at the same time it does not work artificially; instead, it is completely organic and “present”.                         Mario Batelic Cerkno Jazz Festival Slovenia

Fallen Land by Saso Popovski Trio is an album in which we can find the best of the soul of the Balkans and Popovski finds a more central dimension and which better highlights its compositional and executive skills. Clear concepts are immediately evident, the musical theme is clear and cantabile. The interaction and space between the players is balanced and, despite having a meticulous musical direction, it offers ample opportunity to improvise. The rhythms and harmonic lines know no boundaries. Balkan jazz has a modern soul.    Mario Ferraioli Jazz In Family Italy

 

Each track from the album Fallen Land is composed of short improvisational adventures with an element of enigmatic mystery that you can never quite solve. Saso uses slide guitar techniques, that are masterfully used to create melody and harmony lines accompanying his guitar work on the album.                                                                 George C Glasser Jazz Syndicate Magazine & Promotions UK

 

Roccella Jazz Festival – Italy from North Macedonia came the trio of guitarist Saso Popovski with a repertoire of all original compositions. A trio with double bass and drums, balanced and sober, in the name of a modern jazz guitar-ism that follows the contemporary masters of the guitar.    Jazzitalia, September 2019 

Impressive and lyrical was the concert by Saso Popovski Trio. Mystical Balkan jazz, during the Macedonian Cultural Days in Budapest Jazz Club. Guitarist Saso Popovski’s music was performed with Ivan Bejkov double bass and Viktor Filipovski on drums.                    Magyar Nemzet. September 2019

The Macedonian guitarist presented his national trio with Ivan Bejkov on double bass and Viktor Filipovski on drums. The trio focused on tracks that are somehow related to their respective musical roots. From qualified representatives of a music scene of undoubted quality, the three have expertly performed original compositions of their recent album, in a pleasant and successful synthesis, which integrated with great efficacy melodies and rhythms.        SynpressUfficio Stampa, August 2019

The quality of and variety of artists who perform each year is the winning recipe of the event. Also this year we saw the sparkling opening with the Balkan and Mediterranean sounds of Saso Popovski Trio, from North Macedonia.                                           Tgcom24, August 2019

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ