домаКујнаЕрдоган ги повлече војниците од вежбите на НАТО

Ердоган ги повлече војниците од вежбите на НАТО

Турција ги повлече своите 40 војници од воената вежба на НАТО во Норвешка, бидејќи, наводно, Мустафа Кемал Ататурк и претседателот Реџеп Тајип Ердоган биле „прикажани како непријатели“.

Веста за повлекувањето на турските војници од вежбата Ердоган ја соопшти во обраќање до членовите на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП). Ердоган тврди дека неговото име и името на Ататурк биле ставени на „листа на непријатели“ за време на вежбата на НАТО.

Тој нагласи дека тој лично наредил итно повлекување на турските трупи, дури и ако „имињата биле отстранети“, објави АП. Ердоган потоа изјави за НАТО: „Не може да има таков пакт, таква алијанса“. АП додава дека НАТО не се огласи во врска со овој инцидент.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ