четврток, јануари 16, 2025
домаНасловнаЕрдоган се договори со Унијата, крај на мигрантската криза?!

Ердоган се договори со Унијата, крај на мигрантската криза?!

Ердогани нареди на крајбрежната стража да ги сопира мигрантите тргнати да испловат кон Грција

Претседателот Реџеп Таип Ердоган утрово на турските пристаништа распоредил војска со цел да ги спречи мигрантите да го преминуваат Егејот заради основните ризици, цитираат турските медиуми

„По наредба на претседателот … нема да има дозвола мигрантите да го преминуваат Егејското Море, затоа што е опасно“, се вели во информација на Агенцијата Анадолу.

Од друга страна пак, грчкиот премиер Киријакос Микотакис во интервју за Си Ен Ен вели дека договорот меѓу ЕУ и Турција од 2016 г. со кој с еограничува приливот на мигранти во Европа, е мртов.

„Да бидеме искрени – договорот е мртов. Мртов е затоа што Турција одлучи да го наруши заради инцидентот во Сирија “, изјави Микотакис за американската телевизија.

Илјадници мигранти се собираат на грчко-турската граница откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатата недела објави дека неговата земја повеќе нема да ги спречува да заминуваат за Европа.

Тој ја даде изјавата откако неколку десетици турски војници беа убиени во воздушен напад во Сирија.

Турција во 2016 година се договори да не пушта повеќе мигранти во Европа во компензација за 6 милијарди евра. Сепак, Анкара смета дека не се исполнети други услови на договорот, вклучително и визното олеснување и воведување на некои трговски правила.

Мицотакис рече дека Турција не ја исполнува својата обврска да ги задржува барателите на азил на нејзината територија и обратно – тоа им помага во обидите да влезат во Грција. Тој потенцира дека Грција има право да ги заштитува своите суверени граници.

А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ