недела, ноември 24, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЕвропа се затвора за божиќните празници, во Србија најверојатно само со ПСР...

Европа се затвора за божиќните празници, во Србија најверојатно само со ПСР тест, а Македонија следната недела ќе носи одлука

Како што пренесуваат српските медиуми Србија најверојатно ќе донесе одлука за влегување во државата само со ПСР тест. Оваа одлука, како што пишуваат српските медиуми е предизвикана од тоа што нема намалување на бројот на заразени, а престојните празници ќе можат да „увезат“ голем број на лица кои позитивни би влегле во државата доколку нема строга контрола.

Во информациите кои кружат се вели дека ќе има и зелена листа на држави од каде ќе може да се влегува без ПСР тест. А, имаше и информација дека соседните земји ќе бидат изземени од одлуката, но според последните информации говорат дека ПСР тетсот ќе биде задолжителен и за македонските државјани кои сакаат да влезат во Србија.

И Германија влегува во карантин до 10 јануари, затворајќи ги продавниците и училиштата. Швајцарија информираше дека исто така размислува за целосен карантин, а најави и дека нема да ги отвори скијачките центри.

И додека голем дел од државите најавуваат целосен или делумен карантин за време на божиќните и новогодишните празници, кај нас некои хотели ги отворија вратите за новогодишни прослави. Најавите дека неделава што следи ќе се разговара за нови мерки, говорат дека и кај нас ќе има некој вид на затегање на движење на граѓаните, но дали ќе биде целосно затворање или делумно, останува да видиме.   Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ