Во 2024 година, 44,8% од вкупната електрична енергија во Европската Унија беше произведена од обновливи извори, додека уделот на гасот во производството на електрична енергија опаѓа пет години по ред.
Според најновите извештаи, земјите од Европската Унија во 2024 година добија половина од електричната енергија од обновливи извори. Уделот на обновливите извори во производството на електрична енергија изнесуваше 44,8%, со што вкупно беа произведени 1.300 TWh.
Меѓу обновливите извори на енергија, водечки беа ветерните електрани, кои сочинуваа 17,4% од вкупното производство на електрична енергија.
Следат хидроцентралите со 13,2%, соларните електрани со 11,1% и биоелектраните со 5,5%. Производството на електрична енергија преку соларните електрани особено порасна минатата година, дури за 22% во однос на 2023 година.
Меѓу необновливите извори на електрична енергија, нуклеарната енергија зазема прво место во ЕУ со 23,7%, а следат гасот со 15,7%, јагленот со 9,8% и другите фосилни извори на енергија со 3,4%.
Треба да се истакне дека уделот на гасот во производството на електрична енергија опаѓа пет години по ред, од 20% во 2019 година на помалку од 16% минатата година.
Ф.С.