Членовите на Европскиот парламент денеска ќе гласаат за предлогот за укинување на зимско и летно сметање на времето во Европската унија, објавено е на веб-страницата на ЕП. Многумина веруваат дека промените негативно влијаат врз менталното и физичкото здравје на луѓето.
Пратениците ја покренаа иницијативата, бидејќи анализата покажа дека промената во сметање на времето има лошо влијание врз здравјето на луѓето, земјоделството и безбедноста во сообраќајот.
Летното и зимското сметање на времето веќе е укинато во некои земји, како што се Исланд, Белорусија и Турција.