петок, декември 20, 2024
домаКолумниЕвросонг: Манифестација на идиотизмот или гласило на површинската култура?

Евросонг: Манифестација на идиотизмот или гласило на површинската култура?

Пишува: Наташа Доковска

Во време кога светот се соочува со многу предизвици и проблеми, дали навистина треба да се посветиме на фестивал кој се фокусира на бесмисленоста и шоу-бизнисот? Евросонг, годишна музичка натпреварувачка манифестација на Европа, оваа година се покажа како врв на егзистенцијалниот идиотизам и сатанизам, каде што бесмисленоста и површинската убавина се почитуваат над креативноста и уметноста.

Се сеќавам, за време на моите тинејџерски години, трите евровизиски дена беа празник за нас. Се собиравме, гледавме, коментиравте и тие песни потоа ги пеевеме до наредната година. Оваа година, на децата им браневме да гледаат Евросонг!!! Моралните вредности на една европска музичка институција се избришани и верувам дека ова беше доста силен шамар до организаторите, сега и одма да го ЗАБРАНАТ.

За самото организирање на Евросонгот, се трошат големи суми пари. Но, зарем тие пари треба да трошат за да се постави шоу кое што треба да донесе, во прв план, мега-звезди, сензационални костими и музички актови кои што често се редуцираат на површински форми и ефектни елементи. Се промовира идејата за славење на бесмисленоста, каде што креативноста и вистинската уметност се заменуваат со шаблонски текстови и музика која припаѓа на еден единствен шаблон.

Освен што се трошат големи пари, Евросонгот го подржува и феноменот на садизмот и вампиризмот врз културата. Наместо да го одразува богатството и разновидноста на европската музичка сцена, се фаворизираат одредени стилови и тенденции, додека други се занемаруваат или пропаѓаат во заборавот.

Иако за некои тоа може да биде забава и начин за заедничко уживање, дали реално сакаме да го поттикнуваме и поддржуваме овој вид на култура? На крајот на денот, дали вистински ќе го збогатиме светот со Евросонг или само ќе го наградиме со уште една манифестација на идиотизмот? Време е да се направи пресметката на потрошените пари и да се вложи во вистинската уметност и култура, во музика која што има длабока порака и значење за заедницата.

Македонија оваа година не учествуваше, да се надеваме дека нема ни во наредните години, ако воопшто опстане оваа форма на изразување на европската музика.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ