петок, јануари 10, 2025
домаЖивотСценаЕВРОВИЗИЈА 2021: Вечерва стегаме палци за Васил Гарванлиев! 

ЕВРОВИЗИЈА 2021: Вечерва стегаме палци за Васил Гарванлиев! 

Валентина Ѓоргиевска Парго, акредитиран новинар на Евровизија 2021
Вечерва, од 21 часот почнува Евровизија 2021, во Ротердам Холандија, од каде ќе биде вршен пренос на првата полуфинална вечер во која настапува и нашиот претставник Васил Гарванлиев, како шести по ред . Нашиот поп уметник ќе ја пее песната Here I stand, што ја напиша тој, а ја аранжираа Борче Кузмановски и Давор Јордановски. 
Вчера по првата проба со публика, Васил запиша: – Сонцето денес ја осветли арената. Многу сум горд што стојам исправено и ја претставувам Македонија вечерва и пеам за сите. Енергијата беше неверојатна и КОНЕЧНО публика. Ве сакам дечки! Број 6 е мојот посебен број утре. Блескајте и стојте исправено!, напиша. 
Евровизија се одржува од  18, 20 и 22 мај 2021 година Ротердам, Холандија. Поради пандемијата се се одвива по протоколи, а откако прво беше прикажано дека членови на  делегациите од Полска, Исланд, Романија и Малта  се позитивни на Ковид 19,денес стигна информација дека тие се негативни. 
– „Задоволни сме да потврдиме дека тестовите за PCR за целата романска и малтешка делегација се сега со негативни резултати. Двете делегации беа тестирани како мерка на претпазливост откако позитивно се покажа за еден член на полската и исландската делегација, кои престојуваа во ист хотел. Вечерва и Малта и Романија ќе се појават според предвиденото во првото пплуфинале на Евровизија. Двајцата членови на исландската и полската делегација кои беа позитивни на КОВИД 19, остануваат во изолација. Останатите нивни делегации имаат негативни тестови за ПЦР. Како понатамошна мерка на претпазливост, полската делегација ќе биде тестирана повторно пред пробата во среда, и повторно во четврток пред полуфиналето 2. Исландските уметници и луѓето од нивната  неопходна тимска поддршка, исто така, ќе бидат тестирани повторно во среда и четврток, бидејќи тие не биле во близок контакт со заразеното лице. Остатокот од исландската делегација ќе остане во карантин, не известија. 
Инаку, во салата Ахој има врз центар за тестирање каде тестот се состои од пет вдишување и едно издишување, и на тој принцип се испитуваат сите  пејачи,  тимови, медиумски работници и гледачите. Иако салата прима 16.000 посетители само за околу 3500 фанови под 70 години е дозволен влез на полуфиналето, поради строгиот здравствен  безбедносен протокол, како што нагласува  Мартин Естердал, одговорниот менаџер на Европската радиодифузна унија (ЕБУ), која го организира натпреварот од 1956 година. 
Секој кој учествува е тестиран најмалку на секои 48 часа. 
Вечерва, МТВ од 21 часот ќе врши пренос. Стегаме палци! 
 
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ